Специфични услови за користење
Користењето на просторот на КСП Центар-Јадро го вклучува:
- Опишаниот простор со опремата потребна за одредената програма;
- Трошоците за струја, вода, комуналии итн.;
- Трошоците на координаторот од КСП Центар-Јадро;
Корисникот е должен, во договор со Центар-Јадро, да обезбеди средства за се останато што е потребно за реализација на одредената програма.
Со опремата можат да ракуваат технички оспособени лица, односно професионалци со искуство во ракување со таква опрема.
Во случај на оштетување на просторот или опремата настанато поради вина на корисникот, корисникот се обврзува да ја надомести штетата за случаите или најмалку во оној дел во кој опремата не е покриена со осигурување.
Гласната музика мора да се исклучи најдоцна до 23:00 ч., во склад со Закон за заштита од бучава во животната средина и поради недостатокот на соодветна звучна изолација која би спречила продор на бучавата надвор од просторот.
При договорањето околу термините на користење на просторот ќе се води грижа термините да се во склад со другите програми во просторот.
Организаторот/корисникот е обврзан да ја пријави јавната програма до сите надлежни служби, зависно од видот на програмата, а во склад со Законот за јавни настани и прописите (полиција, противпожарна служба итн).
Користењето на просторот, односно услугите за реализација на програмата не се наплаќаат.
Кога е можно да се побара резервација на просторот?
Јавни програми:
- Барање за резервација: што порано
- Најрана потврда на резервацијата: 12 месеци пред реализацијата
- Најдоцна потврда на резервацијата: 15ти во месецот кој и претходи на реализацијата.
Работилници и собири:
- Барање за резервација: што порано
- Најрана потврда на резервацијата: 2 месеци пред реализацијата
- Најдоцна потврда на резервацијата: 7 дена пред реализацијата.
Работно-продукциски програми:
- Барање за резервација: што порано
- Најрана потврда на резервацијата: 1 месец пред реализацијата
- Најдоцна потврда на резервацијата: 2 дена пред реализацијата.
Структура и траење на термините: јавна програма, состаноци, работилници
Целосниот доделени термин се однесува на:
- Програмски дел – поголем дел од вкупниот термин
- Технички дел (поставување/расклопување)
Во таа смисла корисниците на просторот во рамките на доделениот термин треба да издвојат време за техничкиот дел, односно за да го припремат просторот за програмата и да го расчистат просторот после реализираната програма. Корисниците се обврзуваат да го вратат просторот во истата состајба во која што го нашле.
Траење на терминот
Расклопувањето може најдоцна да трае до 16:00 часот во истиот ден по завршувањето на програмата/настанот (освен недела). Во зависност од достапноста на термините, може да се договори продолжување на терминот, но со потврда која треба да се изврши во претходната недела. Корисникот може да побара подолг рок за користење на просторот доколку има соодветна потреба што треба јасно и навремено да ја објасни.
Колку време и кои типови на програми може да добијат простор:
-
- сложени континуирани програми (кои вклучуваат разни јавни настани барем секој втор ден): до 15 дена
- изложби (најчесто поединечни) до 4 и пол дена
- индивидуални претстави: 1 ден поставување и проба + до најмногу 7 дена изведба
- конференции, состаноци: половина ден спремање + до најмногу 4 дена програма
- музички програми (мали концерти, забави): максимум 1 ден поставување и проба + до најмногу 1 ден програма)
- други настани: максимум 1 ден поставување + максимум 3 дена програма
- работилници и слични програми отворени за јавноста: 1 ден поставување + најмногу 4 дена програми.
Ускративање на можноста на користење на просторот
Во случај на откажување на терминот кој е веќе потврден и/или договорен (освен во случаи на виша сила, т.е. освен во случај на објективни околности) како и во случаи на грубо кршење на договорот и обврските, КСП Центар- Јадро го задржува правото да ја скрати можноста за понатамошно користење на просторот за период не подолг од една година, за што одлучува директорот во согласност со препораките на Програмскиот совет.