Skip to main content

Oнлајн дискусија #2: Политичката димензија на хип-хопот

Registrations have closed.
Oнлајн дискусија #2: Политичката димензија на хип-хопот

Oнлајн дискусија #2: Политичката димензија на хип-хопот

by
563 563 people viewed this event.

КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со серија на предавања од различни општествено релевантни теми. Второто предавање ќе се одржи на 13-ти јуни 2020 (сабота) со почеток од 18:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После предавањето, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања до предавачот. Хип-хопот е вид на музика и поткултура која настанала во средината на 70-тите години на дваесетиот век во Њу Јорк. Терминот хип-хоп има поопширно значење кое се однесува на хип-хоп музиката и хип-хоп културата кои претежно се развиваат во африканско-американските урбани заедници. Рецитирањето, диџејството, хип-хоп танцот и графитите ги сочинуваат четирите елементи на хип-хоп културното движење чија историја ја започнале млади, воглавно луѓе со афричко потекло кои живееле во Америка. Хип хоп културата првенствено беше создадена како форма на борба против расизмот и социјалната дискриминација во САД. Таа била и се уште може да биде двигател на општествените промени преку промовирање на критичка дебата за теми како етничка дискриминација, патријархат, сексизам, национализам, важноста на образованието, креативноста, конзумеризмот и нееднакви можности. Дали е доволно моќна да го артикулира политичкото, и ако е, на кој начин може да биде фактор на промените кои сакаме да ги постигнеме во современото општество ќе разговараме со Александар Ковиловски и Александар Кацарски – Кацар.
Александар Ковилоски е член на рап групите Браќа по крв и Клан Исток. Еден од создавачите на организацијата Хип Хоп Македонија која се обидува да го презентира хип хопот како култура а не само како рап музика. Автор е на три хип хоп книги кои од научен аспект го третираат прашањето за хип хопот и неговата општествена условеност; на емисијата Хип Хоп Магазин (2007-2010); на Првите и Вторите Македонски Хип Хоп Награди (2009, 2010); организатор на многубројни хип хоп трибини и дебати во Македонија; моментално ја води он-лајн хип хоп емисијата „Магазин 4“.
И да… Го обожава т.н. социјален/свесен/политички рап и звукот на артистите од њујоршкото гето Квинсбриџ.
Александар Кацарски – Кацар е член на групацијата “Токсиколози” и соло ХипХоп артист од Скопје. Својата кариера ја започнува во 2004-та година и е активен на ХипХоп сцената до ден денес. Претходно од 2008- 2013 беше и член на групата “Токсикологија” каде што остави свој печат. Во својот авторски каталог има многу песни, спотови, компилации, гостувања и албуми како што се: “Жими ја” , “Пушти глас” , “Чекераукц”, “База 903” и тн.
Со доста настапи во живо низ Македонија и надвор од неа, се стекнува со многу искуство и на тие настани го покажува својот енергичен начин на рапување во живо пред публиката.

Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Additional Details

Project Title -

Project -

Event registration closed.
 

Date And Time

2020-06-13 @ 18:00 to
2020-06-13 @ 19:00
 

Registration End Date

2020-06-18
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends