Skip to main content

„Можни перспективи за развој на музичката филологија во Македонија“ – предавање и разговор

Registrations have closed.
„Можни перспективи за развој на музичката филологија во Македонија“ – предавање и разговор

„Можни перспективи за развој на музичката филологија во Македонија“ – предавање и разговор

by
647 647 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со предавањето и разговор „Можни перспективи за развој на музичката филологија во Македонија“
Почетното излагање на Костадин Делиниколов „Основи на научната историско-критичка музичка едиција“ кој воедно е и иницијатор на ова предавање и разговор, ќе биде во насока на вовед во научната музичка едиција (односно музичката филологија), која е од централно значење за историската музикологија, имајќи предвид дека основната задача на историската музикологија е обезбедување на достапност до музичките извори (покрај, понатаму, нивната интерпретација)
По прегледот врз разликите помеѓу некои различни видови на едиции (според нивната концепција, функција и цел) и со стекнување увид во мотивите, целите и принципите на научните историско-критички едиции, како и со скицирање на принципите на филолошката критика (работните чекори при изработувањето на критичка едиција), ќе се прејде кон општата состојба на музичката едиција во РСМакедонија, а со тоа и кон разговорот со поканетите. Во фокусот е пред сѐ прашањето за потребата од развој во правец на репрезентативни историско-критички едиции, како чекор во грижата за овој дел од културното и духовното наследство во земјата.
По воведното предавање на Делиниколов ќе следи разговор со:
  • М-р. Бранка Костиќ Марковиќ, етномузиколог,
  • Д-р. Викторија Коларовска Гмирја, музиколог и пијанистка,
  • Марко Коловски, музиколог
  • Д-р. Мирјана Павловска Шулајковска, музиколог,
  • Д-р. Младен Марковиќ, етномузиколог,
  • Панда Зографска Беличанец, директор на фондацијата „Томислав Зографски“
    ————————————————-
————————————————-
Костадин Делиниколов е роден 1979 во Скопје, каде што посетувал нижо и средно музичко образование со главен предмет клавир. После едногодишен студиски престој во Франција (1998-99), од 2000та студира клавир на факултетот за музика во Детмолд, Германија. По завршувањето на додипломските студии, продолжува со магистерски студии по историска музикологија, теорија на медии и теорија на понова германска литература на универзитетот во Падерборн. Во овој период меѓу другото се занимава со проучување на историска музика, а одредени делови од репертоарот поинтензивно ги запознава и како практичар, на историски клавишни инструменти. Тогаш навлегува и во научната музичка едиција – област во која е и понатаму професионално активен, а наоѓа приод и кон компонирање сопствена музика. Во поглед на последново, неговиот интерес е за сега посебно насочен кон камерни состави и особено музика за соло-клавир, но и електронска музика. Негови дела биле до сега изведувани во Германија, Франција, САД, Шведска и Македонија. Од 2017 има предавачко место на Музичкиот факултет во Детмолд (часови по интерпретација на барокна музика во одделот за ударни инструменти: маримба – транскрипции, аранжмани).
Што се однесува до неговата дејност во областа на музичката едиција, од 2008-2014 работи како студент-асистент за научниот проект Carl-Maria-von-Weber-Gesamtausgabe (историско-критичка едиција на делото на Карл Марија фон Вебер) при Музиколошкиот институт Детмолд / Универзитетот Падерборн и притоа учествува во изработката на повеќе томови како и на практични едиции и други материјали. 2014-2015 е асистент на истиот институт, а од 2015 е континуирано надворешен соработник во Carl-Maria-von-Weber-Gesamtausgabe. Покрај овој редовен ангажман, повремено учествува и во проектот „OPERA – спектар на европскиот музички театар во поединечни едиции“ при Музиколошкиот институт во Франкфурт. Независно од овие активности, води и разновидни други едиторски проекти.
———————————————-
Дискусијата ќе се одржи на 9 октомври (петок) 2020 со почеток од 19:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-10-09 @ 19:00 to
2020-10-09 @ 21:30
 

Location

Online event
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends