Registrations have closed.
Онлајн дискусија: техничките елементи на пишувањето на рап песна со Тonyo San
by
568 568 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со дискусија со Антонио Арангеловиќ (Тоnyo San) за техничките елементи и аспекти на еден емси (рапер).
Преку заедничка анализа на дел од песните на Tonyo San и неговата методологија во однос на пишувањето ќе се обидеме да ги разгледаме различните елементи во пишувањето: , тема, punchline, интуитивност, интензитет на глас, емоција, flow, живописно раскажување и др.
Целта на оваа дискусија е да се разгледаат деталите на пишувањето на рап песни и колку таа техника придонесува кон градење на автентичен идентитет на рап артистот.
Антонио Аренгеловиќ, професионално познат како Тонио Сан или РНС e македонски рапер, стрип уметник и универзитетски професор. Oд 2015 година работи во ФОН Универзитетот на Факултет за Дизајн и Мултимедија. Во мај 2019 ја издаде својата прва Графичка новела насловена „Некои мали нешта“.
Има издадено три соло албуми:
- Цветот на светот (2004);
- Друштвото на мртвите поети (2010);
- Синтеза на ум и меч (2012).
- Во соработка со други артисти бил дел од повеќе албуми :
- Чаирскиот алмум со Кемп ОД (2013);
- Green out-Некои скопски бандити (2009);
- Green out – Рапаноја (2014);
- Легијата – Лош ден за Империјата (2008);
- Легијата на Проколнатите (2016).
- И неколку компилации како:
- Sk street beats (2002);
- Прирачник за Модерен Рап (2009);
- Деценија (2010).
Модератор: Ѓорги Пулевски (Џоџо)
Дискусијата ќе се одржи на 26 ноември (четврток) 2020г. со почеток од 17:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
Серијата на дискусии за хоп хопот се поддржани од Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија.
Additional Details
Project Title -
Project -