Skip to main content

Онлајн дискусија: техничките елементи на пишувањето на рап песна со Тonyo San

Registrations have closed.

Онлајн дискусија: техничките елементи на пишувањето на рап песна со Тonyo San

by
580 580 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со дискусија со Антонио Арангеловиќ (Тоnyo San) за техничките елементи и аспекти на еден емси (рапер).
Преку заедничка анализа на дел од песните на Tonyo San и неговата методологија во однос на пишувањето ќе се обидеме да ги разгледаме различните елементи во пишувањето: , тема, punchline, интуитивност, интензитет на глас, емоција, flow, живописно раскажување и др.
Целта на оваа дискусија е да се разгледаат деталите на пишувањето на рап песни и колку таа техника придонесува кон градење на автентичен идентитет на рап артистот.
Антонио Аренгеловиќ, професионално познат како Тонио Сан или РНС e македонски рапер, стрип уметник и универзитетски професор. Oд 2015 година работи во ФОН Универзитетот на Факултет за Дизајн и Мултимедија. Во мај 2019 ја издаде својата прва Графичка новела насловена „Некои мали нешта“.

Има издадено три соло албуми:

  • Цветот на светот (2004);
  • Друштвото на мртвите поети (2010);
  • Синтеза на ум и меч (2012).
  • Во соработка со други артисти бил дел од повеќе албуми :
  • Чаирскиот алмум со Кемп ОД (2013);
  • Green out-Некои скопски бандити (2009);
  • Green out – Рапаноја (2014);
  • Легијата – Лош ден за Империјата (2008);
  • Легијата на Проколнатите (2016).
  • И неколку компилации како:
  • Sk street beats (2002);
  • Прирачник за Модерен Рап (2009);
  • Деценија (2010).
Модератор: Ѓорги Пулевски (Џоџо)
Дискусијата ќе се одржи на 26 ноември (четврток) 2020г. со почеток од 17:00 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
Серијата на дискусии за хоп хопот се поддржани од Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-11-26 @ 17:00 to
1970-01-01 @ 18:30
 

Location

Online event
 

Event Types

Share With Friends