Курс за аудио продукција воден од македонскиот рапер и едукатор – Владимир Аговски-Аго
Курсот за аудио продукција беше воден од македонскиот рапер и едукатор во музичката продукција, Владимир Аговски-Аго.
Оваа програма е насочена кон учење на основните теоретски елементи на звук и акустика, работа со професионални музички програми за продукција, стекнување со вештини за создавање и производство на песна.
Во рамките на оваа активност беше реализиран и отворен конкурс за демо рап песна на којашто се селектираа шест автори кои имаа можност да ги реализираат своите демо песни под менторство на Dj Goce , Druggy и Владимир Аговски- Аго. Сите продуцирани траки ќе бидат објавени на мини-албумот „Рап Про дел први“.
Досега на фб страницата на КСП Центар-Јадро се објавени следниве победнички демо-рап песни:
Additional Details
Project Title -
Project -