Skip to main content

„Домашна работа“ Партиципативен проект на Кристина Божурска

Registrations have closed.
„Домашна работа“ Партиципативен проект на Кристина Божурска

„Домашна работа“ Партиципативен проект на Кристина Божурска

by
559 559 people viewed this event.
Во март 2021, КСП Центар-Јадро распиша конкурс за реализација на партиципативен уметнички проект. По разгледувањето на притигнатите апликации, жирито го одбра проектот на Кристина Божурска „Домашна работа, наша работа“.
Божурска го развива својот проект во периодот март-јули и ќе го претстави во просторот на Јадро на 14 јули 2021 година. Во текот на својата работа таа ќе соработува со реномираниот куратор од Словенија, Теуш Логар .

Проследете го предавањето на словенечкиот куратор Тевж Логар- „Неколку белешки за партиципативноста“ во чии рамки говореше за историјата на партиципативната уметничка пракса како и за стратегиите што се користат при реализацијата на овој вид на уметнички дела.

Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрирала на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи мноштво техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст каде преку изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми.Честопати трга од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус. Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор.
Остварила студиски престој во ISCP New York и добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург во 2013. Има освоено неколку награди: Универзитетска награда за најдобар дипломиран студент (2007/2008), Најдобар видео во категоријата “Нано минута” на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) “Денес”, наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 BuzArt награда на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.

Additional Details

Project Title -

Project -