Skip to main content

“ЗАБАВАТА Е МОЈА”- завршна презентација на креативна работилница

Registrations have closed.

“ЗАБАВАТА Е МОЈА”- завршна презентација на креативна работилница

by
556 556 people viewed this event.

“ЗАБАВАТА Е МОЈА”- завршна презентација на креативната работилница под водство на Меган О’Шиа, во партнерство со КСП Центар-Јадро.

Ве покануваме во сабота (18.09.2021), во 19:00 часот да им се придружите на Меган О’Шиа (CA/DE) и учесничките во работилницата, на завршната презетација на работилницата во КСП Јадро-Центар, која ќе се состои од видео презентација и разговор,.
Во рамките на својот истоимен долгорочен проект, канадската уметница Меган О’Шиа во периодот 13-18.09.2021 гостуваше во Скопје, каде реализираше 5-дневен процес на креативни работилници со жени (40+) од заедницата. “ЗАБАВАТА Е МОЈА” ја истражува тагата, промената, животна цел и успехот за жените над 40 години во различни култури и контексти.

Во рамки на работилниците групата учеснички од Скопје, низ креативен процес, работеше на и ги истражуваше овие теми.
На 18.09.2021 ќе се прикаже видео-презентација на учесничките од претходните места во кои е реализиран проектот и кратиот филм снимен од Меган од истото истражување.

Видеата ќе се пуштаат на loop во КСП Центар-Јадро, а од гледачите се бара да носат маски и да го ограничат нивниот број внатре во просторот. После презентацијата надвор ќе следи неформална средба и разговор за проектот, со Меган О’Шиа и домашните учеснички, модериран од македонската танчарка, кореограф и професор по современа танцова педагогија Искра Шукарова.
Проектот е поддржан од Canada Council for the Arts, Министерството за култура и Град Скопје.

Additional Details

Project Title -

Project -