Registrations have closed.
ОКО: аматерска филмска работилница за семејни разговори и филмски креации
by
612 612 people viewed this event.
ПОВИК за учесници во работилницата „ОКО” под водство на режисерката Марија Џиџева
„ОКО“ е аматерска филмска работилница за семејни разговори и филмски креации. За едно поразлично семејно дружење за оние кои сакаат трансгенерациски предизвици!
Концептот на работилницата е формирање на семејни екипи составени од два члена (дете и родител/старател, дедо или баба…) и преку заедничко учење, гледање филмови, разговори и дружење, секоја екипа да создаде своја филмска приказна.
Темата е ручек
Филмот треба да е инспириран од семејните ручеци, културата на готвење или неготвење, храната како сврзно ткиво и дружење, како игра на откривања и реоткривање на вкусови и мириси на животната радост и на новите предизвици, и сл.
За учество во работилницата не е потребно никакво предзнаење или техничка опрема.
Доколку сакате да бидете дел од оваа работилница, испратете е-маил со ваши податоци на: [email protected]
Работилницата ќе заврши со финален настан со проекции на филмските приказни во Центар-Јадро, како дел од „Фестивалот на заедницата“, кој ќе одржи од 3 -5 ноември 2022 година.
(напомена: повикот е за деца од 8 до 12 години и на работилницата ќе можат да учествуваат првите шест екипи кои ќе се пријават)
Повикот е отворен од 05.10.2022 до 11.10.2022 година.
Работилницата ќе се одржи од 14-16 октомври 2022 година во просториите на Културно социјален простор Центар-Јадро, Скопје.
————————————————————————————————————
ОКО: филмска работилница
распоред
петок, 14.октомври 2022 (17 -20 часот)
Како да раскажеме филмска приказна
17:00-20:00 – разговор: како да раскажеме кратка филмска приказна
и проекции на кратки филмски форми
17:00-20:00 – разговор: како да раскажеме кратка филмска приказна
и проекции на кратки филмски форми
сабота, 15.октомври 2022
Трансгенерациски филмски дијалог
10:00-12:00 – разговор за идеите и дефинирање на фимските приказни
13:00-14:00 –проекција на кратки филмови и дискусија
10:00-12:00 – разговор за идеите и дефинирање на фимските приказни
13:00-14:00 –проекција на кратки филмови и дискусија
недела, 16.октомври 2022
Креирање на заедничка семејна филмска приказна
11:00-14:00 – прегледување на снимениот материјал и дискусија
11:00-14:00 – прегледување на снимениот материјал и дискусија
За водачката на работилницата:
Марија Џиџева е родена во Гевгелија на 24 декември 1970 година. Основно и средно образование завршува во родниот град. Студира на Филолошкиот факултет во Скопје и во 1994 година дипломира на Катедрата за македонска книжевност. Истата година ги започнува студиите на Факултетот за драмски уметности и во 2000 година дипломира на Катедрата за филмска и тв режија. Работи документарни и играни филмови. Учествува на голем број на семинари и работилници каде се надградува од областа на филмот и филмската едукација, како и на талент кампуси и пичинг форуми, каде ги презентира своите проекти. Автор е на филмовите: “Мис Амнезија”, “Списокот на Тони Манџа”, “Погледни го животот низ моите очи”, “Барајќи ја среќата”, “Некои поинакви приказни”, “Втора шанса”, прикажувани и наградувани на повеќе филмски фестивали. Работи и на повеќе телевизиски докуметарни проекти. Во периодот од 2015 до 2018 година е ангажирана на Филмската Академија при Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Активно учествува и во филмска едукација на деца и млади со креирање и реализиање на филмски работилници.
Повеќе инфо на: https://www.imdb.com/name/nm3290999/
Работилницата ќе ја реализира заедно со филмологот Александар Трајковски.
Александар Трајковски, роден е во 1986 година во Скопје. Во 2011 година дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје, на катедрата за историја на уметност. Во 2022 магистрира на катедрата за продукција на Европската филмска академија Европа Прима Скопје. Вработен е во Кинотека на Македонија како виш филмолог, задолжен за прием и обработка на филмови на дигитален носач, како и супервизор на проектите за дигитална реставрација на македонското филмско наследство. Во 2014 година како стипендист на ФИАФ ( Светска федерација на филмски архиви) зема учество во Летна школа за филмска реставрација во Болоња. Во 2015 година станува дел од редакцијата на филмското списание Кинопис, каде што редовно пишува текстови за филмска критика и филмска теорија. Во 2017 година учествува во основањето на здружението за развој и промоција на филмска култура и писменост Кино Балкан Скопје, како и фестивалот на Нов Европски Филм Beach Film Festival.
Оваа работилница е дел од годшината програма на Центар Јадро за 2022 година и е реализирана со финансиска поддршка од од Министерството за култура @Ministry of Culture / Ministria e Kulturës.
Additional Details
Project Title -
Project -