Skip to main content

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА ПАРТИЦИПАТИВНА УМЕТНИЧКА ПРАКСА

Registrations have closed.

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО РАБОТИЛНИЦА ЗА ПАРТИЦИПАТИВНА УМЕТНИЧКА ПРАКСА

by
528 528 people viewed this event.
Во рамки на проектот Arts Hub, КСП Центар- Јадро организира работилница за партиципативна уметничка пракса во текот на месец мај под менторство на визуелната уметница Кристина Божурска.
* Повикот е отворен до 30.04.2023
🎯Работните сесии ќе се одржуваат во просторот на Центар-Јадро (ул. Алберт Ајнштајн бр.2)
📌Бројот на местата е ограничен и од прифатените апликанти се очекува редовност на сите сесии.
Улогата на уметноста при воведување на политичките и социјалните прашања во јавната сфера е сѐ поголема. Денес, уметничките практики се служат со широк спектар на средства, елементи и стратегии кои промовираат зголемена критичката свест и позитивна социјална трансформација. Функцијата на самата уметност во општествениот контекст е да понуди излез од зоната на удобност. Преку оваа работилница наша цел е да се поттикне уметничкото творештво кое излегува од традиционалната рамка на дејствување и зема активно учество во креирањето на конструктивни општествени промени.
———————————————
✌️ Цел на работилницата:
◾️ На работилницата ќе се разговара и работи во насока на разбирање на општествено ангажираната практика како медиум за создавање на уметничко дело.
◾️ Ќе анaлизираме и дискутирме за низа тактики и пристапи кои уметниците ги користат во обликувањето на своите партиципативни и ангажирани дела.
◾️ Ќе се разговараме за спојување на дисциплини и креирање практики кои директно интервенираат во заедницата и создаваат простор за преиспитување и дискусија.
◾️ Работилницата ќе се фокусира на разработката на идеите на учесниците како и можноста за нивна реализација во јавен простор.
✌️ За кого е наменета работилницата?
☑️ Работилницата е наменета за сите мотивирани, млади локални визуелни уметници кои сакаат да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност но и за сите оние кои би сакале да реализираат партиципативно уметничко дело.
☑️ Работилницата е наменета за сите кои сакаат да научат како да ја аплицираат својата уметност надвор од музеите и галериите
☑️Работилницата е наменета за учесници од 18 до 35 години.
☑️ За учество во работилницата е добредојдено претходно искуство и вештини од областа на визуелната уметност или партиципативна уметничка пракса.
———————————————
Работилницата ќе се одржи во текот на месец мај, во термините:
◾️ 12.05.2023 (петок) 18:00 до 20:30 часот
◾️ 13.05.2023 (сабота) 12:00 до 14:30 часот
◾️ 19.05.2023 (петок) 18:00 до 20:30 часот
◾️ 20.05.2023 (сабота) 12:00 до 14:30 часот
◾️ 26.05.2023 (петок) од 20:00 часот – Партиципативна забава
———————————————
Повеќе за ментороката: Кристина Божурска
Кристина Божурска дипломирала сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 2008 година, a во 2017 магистрирала на Институтот за културолошки студии, Скопје, фокусирајќи се во своето истражување на социјалните практики во уметноста. Во своите дела користи различни техники и материјали, вклучувајќи готови предмети, сликарство, цртеж, текст и видео. Суштина на нејзината практика е социо-политичкиот контекст, преку кој изборот на материјали и визуелни референци директно ги коментира актуелните проблеми.Честопати тргнува од отфрленото, непотребното, заборавеното, во обид да го помести фокусот на опсервација и да го преиспита доминантниот консензус. Имала самостојни изложби во галерија Уна во Бјаред, Шведска; Мала Станица, МКЦ и СИА Галерија, Скопје, Прима галерија Берлин и Куманово и учествува на бројни групни изложби и видео-фестивали во земјата и надвор. Во 2011 година остварила студиски престој во ISCP New York, a во 2013 добива стипендија за учество во работилницата Arte Utile на Тања Бругера, на Летната Уметничка Академија во Салзбург. Има освоено неколку награди: Најдобрo видео во категоријата " Нано минута" на Меѓународниот видео фестивал во Бразил (2008); (YVAA) " Денес", наградата за млад уметник за 2010 година и во 2019 година ја добива BuzArt наградата на уметничката резиденција “Togetherness” во Тирана, доделена од Швајцарската фондација за култура во Албанија и галерија Кало. Предава ликовна уметност во интернационалното училиште QSI, Скопје.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-05-12 @ 18:00 to
2023-05-26 @ 20:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends