Registrations have closed.
Трибина: Сите лица на Горан Стефановски
by
662 662 people viewed this event.
Драги пријатели,
Ве покануваме на денот кога е напишано Горановото „Писмо до внуката“ и кога Горановата внука Калина ќе наполни 10 години, заеднички да ги заокружиме дискусиите за македонската драма и есеистика во 2022 година и да најавиме дека тие ќе продолжат во годината што е пред нас, и во годините потоа…
Настанот ќе започне со прочит на „Писмо до внуката“ од Благоја Чоревски – актерот кој прв пред камера го прочита овој текст на Горан Стефановски по неговото објавување.
Потоа, низ разговор на Ана Стојаноска и Иван Антоновски ќе се осврнеме на сите лица на Горан – за неговото драмско и есеитичко творештво, но и за Горан како интелектуалец… Ќе го слушнеме и неговиот глас преку проекција на дел од неговата беседа „За нашата приказна“.
По дискусијата ќе чуеме и неколку фрагменти од неговиот последен, тестаментален есеј „Искрата што се измолкнува“, со прочит на студентот на Факултетот за драмски уметности при УКИМ, Кире Ацевски.
Потоа дружењето ќе продолжи со неформални разговори за Горан кои може заеднички да ги продолжиме и во неговото и наше Дебар Маало.
На настанот ќе бидат достапни и книги на и за Горан Стефановски.
Ве очекуваме!
Additional Details
Project Title -
Project -