Skip to main content

Отварање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро

Registrations have closed.

Отварање на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро

by
582 582 people viewed this event.
Почитувани,
чест ни е да Ве поканиме на отворањето на Културно-социјалниот простор „Центар -Јадро“ (КСП „Центар-Јадро“) кое ќе се одржи на 7 октомври 2020 г., со почеток во 11:00 часот, пред просториите на центарот (ул. Алберт Ајнштајн бр.2, 1000 Скопје, РСМ). Настанот ќе се одржи на отворено, согласно протоколите пропишани за одржување на јавни настани, а ние како организатори, ќе внимаваме да се почитуваат во целост.
По повод отворањето на Културно-социјалниот простор „Центар-Јадро“, пионерска институција на цивилно-јавно партнерство, ќе биде одржана прес-конференција, со цел презентација на просторот, моделот на институцијата, како и досегашните достигнувања и понатамошни планови за развој и соработка.
На прес-конференцијата, која ќе започне во 11:00-12:00 ч., ќе се обратат:
– Искра Гешоска, членка на Управен одбор (УО) и прва претседателка на ЈАДРО- Асоцијација на независната културна сцена (Јадро Асоцијација), членка на Програмски совет на КСП „Центар-Јадро“;
– Теодор Целакоски, член на УО на Кооператива – Регионалната платформа за независна култура, ментор на домашните културни активисти во заговарачкиот процес при формирање на КСП „Центар-Јадро“;
– Јасмина Билаловиќ, директорка на КСП „Центар-Јадро“;
– Јане Чаловски, претседател на Јадро Асоцијација, член на Програмски совет на КСП „Центар-Јадро“, и претставник за Сектор култура во Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор;
– Саша Богдановиќ, градоначаник на Општина Центар,
и високи претставници на централната власт.
Од 12:00-12:30 ч. ќе следи концерт на Хана Корнети, а воедно ќе биде претставен и муралот „Патување“ на ликовниот уметник Сали Ертунч изработен на фасадата на КСП „Центар-Јадро“.
КСП „Центар-Јадро“ е резултат на заложбите на ЈАДРО – Асоцијација на независната културна сцена, која од своето основање во 2012 година како непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа, се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократизација во културата и пошироко, во општеството и во граѓанскиот сектор.
Оттаму, идејата за КСП „Центар-Јадро“ настана од потребата за место, фокус, каде што слободно ќе се изразува урбаниот живот, современите социокултурни практики, простор што ќе создава aвтономни, самоорганизирани содржини, содржини што ќе го артикулираат нашиот урбан, интелектуален, критички и творечки капитал.
Физичкиот простор во материјалната структура на градот секогаш претставува важна точка на секое културно и уметничко настојување. Тој има исклучително значајна улога на симболичко рамниште, односно во создавањето и комуницирањето на значењата што циркулираат во динамичната промена на општествените и политичките текови.
Овој модел е втемелен на партнерство помеѓу локалната власт, Општина Центар, и Јадро Асоцијација и претставува суштинска децентрализација на моќта и единствен пат кон создавање организациска и програмска автономија во дејствувањето во сферата на културата, во рамки на граѓанскиот сектор, но и пошироко.
Целиот процес на развој и реализација на ко-управувачкиот модел, од основањето на Јадро Асоцијација до формирањето на установата од 2012 до денес, во различни фази, беше поддржан од: Швајцарска програма за култура во Западен Балкан, Фондацијата Отворено општество Македонија, Гете Институт-Скопје, Министерството за култура на Р.С. Македонија, Кооператива – Регионална платформа за култура, Амбасадата на Швајцарија во РС Македонија, Општина Центар и Град Скопје.
Ќе ни претставува чест и огромно задоволство доколку бидете дел од отворањето на 07.10.2020 година, со почеток во 11:00 часот.
Со почит,
тимот на КСП „Центар-Јадро“

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2020-10-07 @ 11:00 to
2020-10-07 @ 23:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends