Поетска дружба и средба со авторката Лучила Трапацо
Повелете, во среда 10.05.2023 во 20:00 часот, на ретка можност за непосредна и неформална средба со една од најпознатите и најплодните современи швајцарско-италијански авторки – Лучила Трапацо!
Вечерта е замислена како непосредна поетска дружба и средба со авторката на која ќе се интерпретираат песни на неколку јазици и ќе се разговара за поезијата, чинот на творењето, светските современи книжевно-културни текови и сл. На настанот, македонската јавност ќе има можност одблиску да се запознае со поетското творештво на Лучила Трапацо која е вљубеничка во македонската култура и јазик, но и со неа како уметница, а пред сè како личност.
На овој редок настан ќе учествуваат и поетесата, преведувачка и слемерка Елена Пренџова која ќе ја претстави Лучила Трапацо и ќе го води разговорот со неа и актерката, поетесата и театрологинката Христина Цветаноска која ќе ги интерпретира стиховите на македонски и италијански јазик.
—————————-
Лучила Трапацо е швајцарско-италијанска поетеса, преведувачка, актерка, уметница и перформерка. Живеела и творела во многу светски културни центри, меѓу кои и Брисел, Вашингтон и Њујорк, но денес живее во Цирих, Швајцарија. Ги поддржува човековите права и се залага за зачувување на планетата Земја, а нејзината социјална и феминистичка и т.н. женска гледна точка се рефлектира во многу нејзини дела. Учествувала на многу меѓународни фестивали (меѓу кои и Струшките вечери на поезијата во Македонија), а нејзините песни се преведени на 18 јазици и објавени во меѓународни антологии и литературни списанија, како и наградени со бројни награди.
ЛИНК до работата на Лучила Трапацо
Additional Details
Project Title -
Project -