
ФИЛМСКИ И КНИЖЕВЕН КЛУБ „ПАТ КОН ИСТОКОТ“ (ПАГОДА) – СОБИР 6
Шестиот собир на филмскиот и книжевен клуб „Пат кон Истокот“, во организација на Пагода и Друштвото за македонско-јапонско пријателство и соработка
22 ноември (недела) | 12.00 часот
Во КСП Центар -Јадро ќе се одржи шестиот собир на филмскиот и книжевен клуб „Пат кон Истокот“, во организација на Пагода и Македонско-Јапонско пријателство и соработка.
На оваа средба ќе разговараме за „Тао Те Чинг“ (道德經), еден од најстарите и најзначајните текстови на кинеската филозофија, кој традиционално му се припишува на кинескиот филозоф Лао Це. Домаќин на дискусијата ќе биде Христијан Павловски.
За клубот
„Пат кон Истокот“ е книжевен и филмски клуб од отворен тип, создаден за љубителите на литературата и филмот од земјите на Источна Азија.
Книжевниот дел од клубот е посветен на автори од Источна Азија – нивно читање, анализа и разговор за дела преведени на македонски, англиски или други јазици.
Филмскиот дел вклучува проекции и анализи на филмови од Источна Азија, често поврзани со книжевните наслови што ги обработуваме.
Како да се приклучите?
Средбите се одржуваат на секои два месеци. Домаќинот го предлага насловот, како и начини за набавка на книгата. Доколку не може да се обезбеди печатено издание, може да се користи и дигитална верзија на кој било јазик.
Сите најави за книгите, филмовите и состаноците ќе бидат објавувани преку нашите социјални мрежи.
Членството е отворено за сите што се заинтересирани за источноазиските книжевности и култури. Добредојдени сте и ако не сте ја прочитале книгата, иако тоа се препорачува за поквалитетна дискусија. Членството е бесплатно, а донациите се секогаш добредојдени.
Additional Details
Project Title -
Project -




