Cosplay работилница на Нихон-џи, Фестивал за јапонска култура, со Ива Стојческа
Оваа година, во рамките на Нихон-џи Фестивалот за јапонска култура ќе се одржи и Cosplay работилница со феноменалната Ива Стојческа (IG: @avicosplay) која во македонските geek кругови важи за една од најдобрите cosplay изведувачи.
Работилницата ќе се одржи на 6 мај (сабота) во КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro, со почеток во 15ч.
Работилницата ќе започне со кратка презентација на тема „Изработка на cosplay“ и ќе продолжи со повеќечасовно изработување на cosplay елементи/props кои однапред ќе бидат дефинирани со менторот.
Повеќе за менторот: 👇
Ива Стојческа е еден од најголемите и најуспешни cosplay мајстори во земјава која се занимава со cosplay веќе 10 години. Својата страст и хоби, Ива ја пренасочува кон професионална дејност и таа денес може да се пофали со успешен интернационален бизнис и бројни нарачки од странство.
Ива зад себе има догогодишно искуство со cosplay работилници, бројни учества на настани како претставник на македонската cosplay заедница, како и натпревари каде била и наградувана.
Additional Details
Project Title -
Project -