
„КОДИРАНА ПОЕЗИЈА – ВИЗУЕЛНАТА ПОЕЗИЈА НА ИДНИНАТА“ од Елена Пренџова
„КОДИРАНА ПОЕЗИЈА – ВИЗУЕЛНАТА ПОЕЗИЈА НА ИДНИНАТА“ e
интердисциплинарен проект кој вмрежува повеќе уметнички дисциплини, но ја вмрежува и уметноста како дисциплина со научната дисциплина информатички науки, конкретно со програмирањето, a претставува и мултимедијален проект кој ги обединува уметноста на зборот – поезијата, визуелната уметност – сликарството и анимацијата, модниот дизајн, аудио-дизајнот и видео-дизајнот.
• Промоција на збирката избор поетски минијатури „Холограм од спомени“ од Елена Пренџова – промотор: Санде Стојчевски
• Изложба на визуелна и кодирана поезија – авторка на песните: Елена
Пренџова, автор(к)и на кодираните песни: Елена Пренџова и Владимир
Петровиќ (Србија)
• Изложба на уметничко дело – уметница: Јана Манева-Чупоска
• Модна ревија – модна дизајнерка: Јана Манева-Чупоска, моделарка: Гордана
Божиновска, изработка на плетките на модните детали: Марика Велкова
• Видео-арт – видео-анимација: Вероника Камчевска, аудио-дизајн: Горан Москов
Additional Details
Project Title -
Project -




