Skip to main content

„Еластично насилство“ , Самостојна изложба на Јован Јосифовски | дел од фестивалот КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии | Skopje Pride Weekend 2023

Registrations have closed.
„Еластично насилство“ , Самостојна изложба на Јован Јосифовски | дел од фестивалот КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии | Skopje Pride Weekend 2023

„Еластично насилство“ , Самостојна изложба на Јован Јосифовски | дел од фестивалот КВИР-ХРОНОПОЛИТИКИ: Историја, афекти, утопии | Skopje Pride Weekend 2023

by
491 491 people viewed this event.

Еластично насилство е изложба која нуди поинаква перспектива на чинот, последиците и асоцијацијата за семејното/физичкото насилство врз квир мажите кај коишто изразувањето на секуалната ориентација и ненормативниот родов израз се видливи уште од рана возраст. Како референца во своите дела, Јосифовски ги користи насилните ситуации кои датираат од неговото детство. Дополнително, во процесот на уметничко истражување поврзано со подготовката на оваа изложба, Јосифовски собира искуства и од двајца постари геј мажи коишто анонимно ги раскажуваат своите приказни, со што се обидува да воспостави и трансгенерациски релации како критички контрапункт на хомонормативните идеали на младоста, од една страна, и на линеарните наративи за прогрес кои гледаат со срам на минатите искуства на плакарот и „назадните чувства“ специфични за овие историски искуствата. Во трите наративи во прво лице, насилството е асоцирано со конкретен предмет присутен во моментите на насилниот акт, како објект со кој се нанесуваат физички удари. Детски играчки, земјоделски алатки и обични перници за спиење – сите овие предмети создадени за очигледната употреба веќе одамна, добиваат нова функција и ново значење во просторот, како предмети кои засекогаш оставаат двосмислено значење во перцепцијата кај поединците. Во рамки на изложбата, различни предмети, се преуредени во просторотна тој начин што создаваат облак на асоцијации со цел да се создаде афективна атмосфера која ја евоциранегативната конотација на предметите. Односно, инсталацијата создава простор преку кој предметите се истакнуваат во физичкиот свет со своите нови улоги, доминирајќи го простор во кој нема нити место нити желба за нешто повеќе. На тој начин предметите стануваат фрагмент врзан за искуството на сопствената сексуалност, за казната, за релациите, за влијанието, за сѐ она добро што можело да се случи, а не се случило. Истовремено, Јосифовски ги поставува како естетски форми во кои јазот помеѓу концептот и имагинацијата, функцијата и играта, ја отвора можноста за транфигурација, и спротиставени, но одговорни читања, со коишто истовремено е соочена и публиката.

Јован Јосифовски (роден 1993 во Ресен) е дипломиран графичар, кој главно работи колажи и цртежи. Работи секојдневно, па така неговите дела претставуваат архивирање во слики на неговите мисли, стравови и ставови. „Многу често почнувам од идеја за нешто премногу лично, а завршувам со нешто премногу актуелно“ – вели тој. Неговите колоритни и директни колажи обработуваат политички, религиски теми, и целат кон провокација и протест. Доаѓа од Ресен од изразено конзервативна средина, а е припадник на ЛГБТИ заедницата, па така темите за религијата и политиката го засегаат и лично. ЛГБТИ заедницата кај нас е многу мала, а тоа што е видливо од ЛГБТИ заедницата е уште помало, затоа што огромен дел од заедницата е закопана под патријархалните и конзервативните општествени норми. „Сè што правиме го гледаат луѓе од нашиот круг и многу е тешко да се појави некој што е од другата страна и да види што се случува“, смета Јован. Според него треба да се биде директен и конкретен, бидејќи во таква средина, метафоричното нема да се разбере. И смета дека треба изложби, како неговата изложба „Низ ножици“ во Комитет, Скопје, 2020 г., да се случуваат и во други градови, бидејќи смета дека „оваа изложба во Ресен би имала поинаква реакција.“ Фасциниран од работите што не ги сака, кои го ужаснуваат или од коишто се плаши. Неговите дела го имаат влијанието на модната илустрација и поп-артот, како и инспирацијата од крими-романите што сака да ги чита.


“Elastic violence”, exhibition of Jovan Josifovski, part of Skopje Pride Weekend 2023 – Queer Chronopolitics | History, Affects, Utopias|

June 8 (Thursday) at 20:00 | the exhibition will be open from April 8 to 17

Elastic Violence is an exhibition that offers a different perspective on the act, consequences and association of domestic/physical violence against queer men in whom the expression of sexual orientation and non-normative gender expression is visible from an early age. As a reference in his works, Josifovski uses the violent situations dating back to his childhood. In addition, in the process of artistic research related to the preparation of this exhibition, Josifovski also collects experiences from two older gay men who anonymously tell their stories, thus trying to establish transgenerational relationships as a critical counterpoint to the homonormative ideals of youth, from one side, and to linear narratives of progress that look with shame at past experiences of the closet and the “backward feelings” specific to these historical experiences. In the three first-person narratives, violence is associated with a specific object present at the moment of the violent act, as an object with which physical blows are inflicted. Children’s toys, agricultural tools, and ordinary sleeping pillows – all these objects created for obvious use long ago, acquire a new function and a new meaning in the space, as objects that leave an ambiguous impression upon the perception of individuals. Within the framework of the exhibition, various objects are rearranged in the space in such a way that they create a cloud of associations in order to create an affective atmosphere that evokes the negative connotation of the objects. That is, the installation creates a space through which the objects stand out in the physical world with their new roles, dominating a space in which there is neither place nor desire for anything more. In that way, the objects become a fragment tied to the experience of one’s own sexuality, to the punishment, to the relationships, to the influence, to all the good that could have happened, but did not. At the same time, Josifovski sets them as aesthetic forms in which the gap between concept and imagination, function and play, opens up the possibility of transfiguration, and opposing but responsible readings, with which the audience is simultaneously confronted.

Jovan Josifovski (b. 1993, in Resen) is a graduate graphic artist, who works mainly with collages and drawings. He works daily, so his works represent archiving in pictures of his thoughts, fears, and attitudes. “Very often I start with an idea for something too personal and end up with something too current,” he says. His colorful and direct collages deal with political, and religious themes, and aim for provocation and protest. He comes from Resen, an extremely conservative environment. As a queer person the topics of religion and politics affect him personally. The LGBTI community in our country is very small, and what is visible from the LGBTI community is even smaller, because a huge part of the community is buried under patriarchal and conservative social norms. “Everything we do is seen by people from our circle, and it’s very difficult for someone from the other side to show up and see what’s happening,” says Jovan. According to him, one should be direct and concrete, because, in such an environment, the metaphorical will not be understood. And he thinks that exhibitions, like his exhibition “Through Scissors” in Komitet, Skopje, 2020, should also take place in other cities as “this exhibition in Resen would have caused a different reaction.” Fascinated by things that he doesn’t love, that terrify him, or that he is afraid of. His works are influenced by fashion illustration and pop art, as well as inspired by the crime novels he likes to read.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-06-08 @ 20:00 to
2023-06-17 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends