Learn everything there is to know from a real MoFo | Филмска работилница | Џон Џост
3 – 5.10.2023 (вторник – четврток)
10-12.10.2023 (вторник – четврток)
Од крајот на септември во КСП Центар- Јадро ни гостува култниот американски независен филмски режисер Џон Џост. За време на својот престој тој во Јадро ќе одржи филмска работилница „Learn everything there is to know from a real MoFo“ а во Кинотека на РС Македонија од 25 до 30 септември и 12 и 13 октомври се одржува ретроспектива на неговите филмови. Џон Џост за време на својот престој ќе работи и на своите најнови ликовни дела кои ќе ги претстави на изложба во Јадро на 13 октомври во 20 ч.
Џон Џост е еден од најплодните и најзначајните американски независни филмски автори. Роден во Чикаго на 16 мај 1943 година, во воено семејство, Џон Џост растел во Џорџија, Канзас, Јапонија, Италија, Германија и Вирџинија. Избркан од колеџ во 1962 година, почнал да снима 16 мм филмови во јануари 1963 година. Самоук е. Има снимено 41 долгометражен филм во периодот 1963-2013 година (14 на целулоид, 16 мм и 35 мм до 1996 година; 27 дигитални оттогаш), како и повеќе од 30 краткометражни филма, кои сите ги има сам осмислено, напишано, снимено, режирано и монтирано; повеќето и продуцирано. Од 1996 година работи само во дигитално видео (DV и HD), завршувајќи 24 долгометражни и многу краткометражни дела, како и една голема инсталација на 7 екрани, TRINITY, претставена во ZKM, Карлсруе, Германија. Има изведено и неколку други инсталации што досега не биле јавно презентирани. Во јануари 1991 година во Музејот на модерната уметност (МоМА) во Њујорк е прикажана ретроспектива на неговото дотогашно творештво.
Два од неговите најпознати филмови се „Сите дела на Вермер во Њујорк“ (1990) и „Креветот во кој спиеш“ (1993). Неговиот долгометражен филм од 1977 година, „Последни песни за бавен танц“ е наведен во книгата „1001 филм што мора да ги погледнете пред да умрете“. Џост се занимава и со фотографија и сликарство и пишува и свири кантри вестерн песни.
Програмата е реализирана во соработка помеѓу КСП Центар -Јадро / SCS Centar-Jadro, MI Film&Theatre и Кинотека на Северна Македонија.
Оваа програма е финансиски поддржана од Министерство за култура и MI Film&Theatre.
Since the end of September, the cult American independent film director John Jost is our guest at SCS Centar-Jadro. During his stay, he will hold a film workshop “Learn everything there is to know from a real MoFo” in Jadro, and a retrospective of his films will be held in the Cinematheque of N.Macedonia from September 25 to 30 and October 12 and 13. During his stay, John Jost will also work on his latest art works, which he will present at an exhibition in Jadro on 13th of October 20h.
Born in Chicago in 1943, of a military family, Jon Jost grew up in Georgia, Kansas, Japan, Italy, Germany, and, Virginia. Expelled from college in 1963, He began making 16mm films. He is self-taught. He has made some 20 shorts and 16 feature films, all of which he has conceived, written, photographed, directed, and edited. In 1965 Jost was imprisoned by US Federal authorities for 2 years and 3 months for refusal to cooperate with the Selective Service System. On release, he quickly became engaged in political activities, helping start the Chicago branch of what became NEWSREEL, the New Left film production and distribution group, as well as working for the draft and the Chicago Mobilization. Jost made his first feature-length film in 1974, and has since devoted to the making of a wide-ranging series of films, largely focused on specifically American topics, in form ranging from essays, to essay-fictions, to avant-garde and new narrative forms. His work has shown widely in museums, film archives and festivals since 1975. In 1991, The MOMA in New York assembled and presented a complete retrospective of Jost’s work encompassing 11 features and 5 programs of shorts.
Jost also works in photography and painting, and writes and plays country western songs.
The program was realized in cooperation between KSP Centar-Jadro, MI Film&Theatre and Cinematheque of North Macedonia
Additional Details
Project Title -
Project -