Skip to main content

ИЗЛОЖБА | Кадри на ранливост

Registrations have closed.
ИЗЛОЖБА | Кадри на ранливост

ИЗЛОЖБА | Кадри на ранливост

by
1645 1645 people viewed this event.

Кадри на ранливост

Изложба на аудио-визуелна инсталација во рамки на колективниот проект на Наташа Неделкова, Амир Карахасан и Миле Неделков

7 јуни (петок) | 20.00 часот

Фокусирајќи се на маргинизираните граѓани кои живеат со шизофренија, проектот ја истражува идејата на заедништво и солидарност преку партиципативен пристап во создавањето уметност.

Проектот се состои од истражувачки дел и колективна креација на аудио-визуелна инсталација. Повикувајќи се на современите уметнички и теоретски студии на теми инвалидитет, шизофренија, грижа и ранливост, проектот се бави со овие рамки на „попреченост“ со цел да пружи отпор кон нормативното дискриминирање на различностите.

Партиципативниот проект „Кадри на ранливост“ е дело на визуелната уметница Наташа Неделкова, а се реализира во соработка со Амир Карахасан (визуелен уметник и графички дизајнер) и Миле Неделков (камерман).

Овој проект се реализира во рамки на програмата Артс Хаб, на КСП Центар-Јадро, а се остварува со финансика поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-06-07 @ 20:00 to
2024-06-07 @ 22:00
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends