
Читачка група | Иницијатива за критичко мислење
Читачка група
Иницијатива за ктитичко мислење
Овој месец продолжуваат средбите на Читачката група на КСП Центар-Јадро. Во овој четврт циклус, учесниците ќе го истражуваат продуктивниот и возбудлив пресек помеѓу феминизмот и студии за животните. Овој интерсекциски пристап нуди согледби на мноштво интересни паралели помеѓу видовите кои поттикнуваат да се преиспитаат наметнатите разлики, да се реобмислат често опозициски поставените категории човек/животно, како и да се имагинира една нова етика која ќе ги вклучува правата на сите видови.
Реализацијата на четвртиот циклус од Читачката група е дел од годишната програма КСП Центар-Јадро, поддржана од Минстерството за култура на Република Северна Македонија.
Additional Details
Project Title -
Project -

