Skip to main content

„ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ | Работилница за уметност со знаковен јазик

„ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ | Работилница за уметност со знаковен јазик

by
42 42 people viewed this event.

„ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“
Работилница за уметност со знаковен јазик

Целта на работилницата „ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ е запознавање со основни знаци и фрази од јазикот, кои потоа учесниците ќе ги користат за развивање и презентирање на уметнички дела и изложба. Предавач и консултант во серија сесии за запознавање со знаковниот јазик ќе биде Викторија Волак, а учесниците ќе бидат уметници од различни области. Учесниците на работилницата ќе работат на запознавање и совладување на основните и специфичните фрази од знаковниот јазик, а потоа наученото ќе го искористат во креативен процес.

Уметничките дела во различни дисциплини (слики, скулптури, илустрации, поезија, перформанс, видео) кои ќе произлезат од оваа работилница, ќе бидат презентирани во форма на изложба во КСП Центар-Јадро во месец септември. Работата на уметничките дела и изложбата ќе биде инклузивна, и преку колаборативен и партиципативен процес, заедно со учесниците на работилницата, ќе вклучи глуви и наглуви лица од локалната заедница и Скопје.

Реализацијата на „ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ е дел од годишната програма КСП Центар-Јадро, поддржана од Минстерството за култура на Република Северна Македонија.

 


“SIGN to SIGN – feel the sign language”

Sign Language Art Workshop

The aim of the workshop “SIGN to SIGN – feel the sign language” is to get to know the basic signs and phrases of the language, which the participants will then use to develop and present works of art and an exhibition. Viktorija Volak will be the lecturer and consultant in a series of lectures on sign language. The participants in the first phase will work on getting to know and master the basic and specific phrases of the sign language, and then they will use what they have learned in a creative process.

The works of art in different disciplines (paintings, sculptures, illustrations, poetry, performance, video) that will result from this workshop will be presented in the form of an exhibition in SCS Centar-Jadro in the month of September. The work on the artworks and the exhibition will be inclusive, and through a collaborative and participatory process.

The realization of “SIGN to SIGN – feel the sign language” is part of the annual KSP Center-Jadro programme, supported by the Ministry of Culture of the Republic of North Macedonia.

Additional Details

Project Title -

Project -

To register for this event email your details to tomislav@tomislavbalabanov.me

Register using webmail: Gmail / AOL / Yahoo / Outlook

 

Date And Time

2024-06-22 @ 18:00 to
2024-07-07 @ 21:00
 

Location

 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends