Во дијалог: македонски визуелни уметници
Разговор на Вана Урошевиќ со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност
4 декември (среда) | 20.00 часот
Разговор на Вана Урошевиќ со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност
4 декември (среда) | 20.00 часот
Ја продолжуваме серијата разговори со визуелни уметници од различни генерации, кои континуирано се присутни на локалната и меѓународната уметничка сцена, и за кои сметаме дека со своите дела, темите кои ги обработуваат, и авторскиот интегритет се релевантни до денес. Изборот на авторите и разговорите е реализиран и модериран од историчарката на уметност и кураторка, Ана Франговска.
Вана Урошевиќ (1961, Скопје) е современa македонска ликовна уметница која дејствува на полето новите визуелни истражувања, при што користи несекојдневни материјали и техники. Освен слики на свила изработува објекти и инсталации, користејќи понекогаш и елементи од органска природа: крзна, животински коски, инсекти. Во своите проекти вклучува документи, фотографии, анкети, искажувања, цитати.
Дипломирала на Факултетот на ликовни уметности во Белград, во класата на професорот Младен Србиновиќ, а последипломските студии на истиот факултет, во класата на професорот Радомир Рељиќ, добивајќи звање магистер по сликарство. Во 1987 година имала студиски престој во Париз, а во 1988, како стипендист на италијанската влада, била на специјализација во Венеција, на Академија на убавите уметности. Имала самостојни изложби во Скопје, Битола, Струга, Белград, Софија, Солун, Љубљана, Виена, Њујорк. Во 2002 година изложувала на Есенскиот салон во Париз а во 2003 г. ја претставува Македонија на Венециското биенале. Работи во Националната галерија на Македонија во Скопје. Од 2010 покрај самостојните настапи реализира и заеднички проекти со Зоран Тодовиќ. Учествувала на бројни групни изложби: Љубљана. Белград, Сарајево, Нови Сад, Загреб, Женева, Париз, Лондон, Хамбург, Берлин, Виена, Рим, Талин, Прага, Њујорк.

Во дијалог: македонски визуелни уметници се реализира со финансиска поддршка на Министерство за култура и туризам на Република С.Македонија
________________________________________________________________
In Dialogue: Macedonian Visual Artists – Vana Urošević
December 4 (Wednesday) | 20:00 h
December 4 (Wednesday) | 20:00 h
Join us for a conversation between Vana Urošević and Ana Frangovska, curator and art historian.
This event continues the series of discussions with visual artists from various generations who have maintained a continuous presence in the local and international art scenes. These artists are recognized for their works, the themes they explore, and their artistic integrity. Ana Frangovska curates the selection of artists and moderates the conversations.
Vana Urošević (1961, Skopje) is a contemporary Macedonian visual artist who is engaged in new visual explorations, utilizing unconventional materials and techniques. Her works include silk paintings, objects, and installations, often incorporating organic elements such as furs, animal bones, and insects. Her projects also feature documents, photographs, surveys, statements, and quotes. She graduated from the Faculty of Fine Arts in Belgrade, under the mentorship of Professor Mladen Srbinović, and completed her postgraduate studies with Professor Radomir Reljić, earning a master’s degree in painting. In 1987, she had a study visit to Paris, and in 1988, she specialized at the Academy of Fine Arts in Venice as a scholarship recipient of the Italian government.
Urošević has held solo exhibitions in Skopje, Bitola, Struga, Belgrade, Sofia, Thessaloniki, Ljubljana, Vienna, and New York. In 2002, she exhibited at the Autumn Salon in Paris, and in 2003, she represented Macedonia at the Venice Biennale. She works at the National Gallery of Macedonia in Skopje. Since 2010, she has also collaborated on joint projects with Zoran Todović. Her participation in numerous group exhibitions spans cities like Ljubljana, Belgrade, Sarajevo, Novi Sad, Zagreb, Geneva, Paris, London, Hamburg, Berlin, Vienna, Rome, Tallinn, Prague, and New York.

In Dialogue: Macedonian Visual Artists is realized with the financial support of the Ministry of Culture and Tourism of the Republic of N.Macedonia