Skip to main content

Промоција на новата книга-сликовница „Девојчето со форичката“ наменета за деца над 12 години

Registrations have closed.
Промоција на новата книга-сликовница „Девојчето со форичката“ наменета за деца над 12 години

Промоција на новата книга-сликовница „Девојчето со форичката“ наменета за деца над 12 години

by
196 196 people viewed this event.

Автор: Ева Камчевска
илустратор: Наташа Андонова
Промотор: Ана Јовковска

Емотивната приказна за девојчето во инвалидска количка, наречена форичка – измислица од два збора количка и формула, „Девојчето со форичката“ е приказна за две неразделни другарки кои за прв пат во животот ќе се скараат. Едната прв пат ќе излаже, а другата за прв пат во животот ќе почувствува љубомора кон својата другарка која може да трча, а таа е во инвалидска количка.

Помеѓу овие две главни чувства наидуваме на сплет од емоции кои се обработени во ова дело.
Ова е приказна која треба да им покаже на децата дека сите ние понекогаш се бориме со негативните емоции. Тие се дел од човечкиот живот но важно е да научиме да не ги држиме предолго во себе и секако, да разговараме за нив, да научиме да ги користиме за нешто креативно. Проблемот е некогаш само дел од едно недоразбирање, а до решението полесно се доаѓа кога секој ќе ја каже својата страна на она што го мачи. За среќа, овие две другарки ќе успеат да го сочуваат пријателството, а како бонус и двете ќе сфатат дека имале скриени таленти.

Една од посебностите на оваа книгичка е намерата да ја развие креативноста. Линиите кои се исцртуваат на мобилните мапи со помош на ГПС –от кога едното девојче трча, во себе кријат форми. Креативното око на нејзината другарка ќе забележи дека со доцртување од тие форми може да излезе некое животнче, некој цвет, ѕвездичка…. Интеракција која инспирира наоѓање форми и во други мапи. Можеби за прв пат со оваа книга некој ќе открие дека во себе носи голем креативен потенцијал.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-05-06 to
2025-05-06
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends