
Изложба „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“
Изложба „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ на ЛГБТИК+ архивата на „Аркадија“ од Србија и дискусија во рамки на квир програмата на Фестивалот за феминистичка култура – „Прво па женско“
30 октомври (четврток) | 20:00 часот
Изложбата „Историјата на собирите на ЛГБТИК+ жените од регионот“ на ЛГБТИК+ архивата „Аркадија“ од Србија е составена од архивски фотографии што сведочат за тридецениската солидарност, пркосење и здружување на квир жените* во регионот.
По отворањето на изложбата низ трансгенерациски разговор ќе бидат мапирани некогашните и денешните форми, културни практики и потреби на лезбејското* активистичко движење, во регионот и кај нас, и неговото место во пошироката квир и трансфеминистичка борба.
Additional Details
Project Title -
Project -




