
ЧИТАЧКИ КЛУБ ВО ЦЕНТАР – ЈАДРО СЕЗОНА 6 | Програмска целина „Јас, другите и заедницата“
6 април (понеделник) | 15:30 часот
Со почетокот на шесттата сезона, отвораме циклус на дискусии посветени на прашањата за идентитетот во современото општество. Во рамки на програмата „Јас, другите и заедницата“, ќе читаме и разговараме за книги кои ги истражуваат начините на кои се формираат нашите лични и колективни искуства.
Првата книга е „What About Me? The Struggle for Identity in a Market-Based Society“ (2014) од белгискиот психоаналитичар Пол Верхаге. Во неа се анализира како неолибералниот систем влијае врз идентитетот, менталното здравје и меѓучовечките односи, нагласувајќи дека нашето „јас“ е длабоко обликувано од општествениот контекст.
Преку поврзување на психоанализата, етиката и општествената критика, книгата отвора прашања за културата на перформанс, конкуренцијата и самооптимизацијата, кои често водат кон анксиозност, осаменост и ерозија на заедништвото.
Оваа средба ќе биде појдовна точка за заедничка дискусија за идентитетот, солидарноста и можностите за поинакви општествени односи денес.
Средбата е отворена за сите заинтересирани, без разлика дали книгата сте ја прочитале целосно, делумно или допрва сакате да се вклучите.
Оваа иницијатива се реализира во партнерство со Фондација Фридрих Еберт Скопје.
Additional Details
Project Title -
Project -




