
Бесплатна обука за справување со дискриминација и говор на омраза – „Интеркултурен хаб Скопје“
29 октомври (среда) | 10 – 17.00 часот
Во рамките на проектот „Интеркултурен хаб Скопје“, Институтот за медиуми и аналитика ИМА, Центар Јадро Скопје и ЗГ Есперанца – Светски културен центар ќе оддржат бесплатна еднодневна обука за справување со дискриминација и говор на омраза, наменета за млади активисти. Оваа иницијатива има за цел да го зајакне капацитетот на младите да препознаваат и активно да се спротивставуваат на дискриминацијата и говорот на омраза, како и да создаваат позитивни наративи кои промовираат инклузија, еднаквост и почитување на различностите.
Преку еднодневната обука, учесниците ќе добијат практични знаења, експертско менторство и алатки за делување, со цел да изградат поотпорни и солидарни заедници и да придонесат кон општество без омраза и поделби.
Additional Details
Project Title -
Project -




