
Минатото помеѓу нас: Истражување со фокус групи од Скопје – Промоција на резултати од проектот и дебата
18 ноември (вторник) | 20.00 часот
Центарот за истражување на национализмот и културата, ЦИНИК, Ве поканува на промоција на резултатите од шесте фокус групи (различни возрасни и етнички групи) на тема историско знаење. Истражувањето е социолошко и се фокусира на начините на создавање, споделување и менување на овој тип на знаење, како и на заедничките обрасци на мислење за историски начини и личности. На промоцијата ќе бидат претставени резултатите од истражувањето од страна на проектниот тим и дискутирани со гостите Вјолца Красничи (Универзитетот во Приштина), Астреа Николовска (Централноевропскиот Универзитет) и Вјеран Павлаковиќ (Универзитетот во Ријека).
Проектот е финансиски поддржан од фондацијата Хајнрих Бел – Сараево (Heinrich Boll Stiftung – Sarajevo).
Additional Details
Project Title -
Project -




