Skip to main content

ЕКО СОБИР во органзиација на „Балканска мрежа за заеднички добра“

Registrations have closed.
ЕКО СОБИР во органзиација на „Балканска мрежа за заеднички добра“

ЕКО СОБИР во органзиација на „Балканска мрежа за заеднички добра“

by
185 185 people viewed this event.

Во 2024 година, активисти од балканскиот регион и местата поврзани со регионот се собраа во Солун, како резултат на многу повеќегодишни разговори  кои поттикнаа потреба за заеднички собир. Нашите борби се слични, но често сме изолирани и несвесни за борбите што ги водат нашите пријатели од соседните земји. Недостатокот на комуникација и координација не е случаен и тоа нè ослабува. Токму затоа, овој собир е чекор кон сузбивање на таа изолација.

Со искрена желба за зајакнување на ставовите и борбите, се собираме повторно  за да ги поврземе македонските движења кои се борат против екоцидите и неправдите во Македонија со движења ширум Балканот со слични борби.Овој еколошки собир, во 2026-та ќе се одржи во Скопје, Македонија, од 5-ти до 8-ми март во КСП Центар – Јадро.
Нашата цел е преку собирот и трудот што ни следи е да започнеме со градење на регионална мрежа создадена од нас и одговорна за  сите нас, заснована од реални потреби, споделени борби и колективен отпор. Ова не е уште една хиерархиска структура, туку жива мрежа вкоренета во движењата и потребите на локално ниво.

Оваа година, собирот ќе вклучува отворени разговори  помеѓу групи и движења од целиот Балкан кои ќе имаат простор да споделат информации и стратегии за организирање, со фокус на нивните конкретни успеси и неуспеси.

За повеќе информации контактирајте не на balkancommonsnetwork@riseup.net

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-03-05 to
2026-03-08
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends