Skip to main content

Презентација на позиционен труд: „Медиумското известување за Соочувањето со минатото на Западен Балкан“

Registrations have closed.
Презентација на позиционен труд: „Медиумското известување за Соочувањето со минатото на Западен Балкан“

Презентација на позиционен труд: „Медиумското известување за Соочувањето со минатото на Западен Балкан“

by
195 195 people viewed this event.

9 јуни (вторник) I 12:00

Про Пис Северна Македонија ве поканува на презентацијата на регионалниот позиционен труд „Медиумското известување за Соочувањето со минатото на Западен Балкан“. Публикацијата ги анализира предизвиците и можностите за етичко, фактографско и конфликтно-сензитивно новинарство во Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија.

Како медиумите известуваат за минатото во општества кои сè уште се обликувани од конфликти, спротивставени сеќавања и политичка поларизација? Каква улога можат новинарите да имаат во зајакнувањето на демократските начела, помирувањето и јавната доверба?

Позициониот труд се базира на деск истражување, регионални консултации, валидациски работилници и повеќе од 25 интервјуа со новинари, уредници, претставници на граѓанскиот сектор, медиумски експерти и партнери на Про Пис.Автори на документот се проф. д-р Динко Грухоњиќ, вонреден професор на Одделот за медиумски студии при Универзитетот во Нови Сад и Гетоарб Мулиќи, извршна директорка на Здружението на новинари на Косово.

Настанот ќе отвори простор за дискусија за медиумскиот пејзаж во Северна Македонија и поширокиот регион, со посебен фокус на известувањето за наследствата од конфликтите, транзициската правда, политиките на сеќавање, дезинформациите и притисоците со кои се соочуваат независните медиуми.
Документот нагласува дека медиумите не се само набљудувачи на минатото, туку и важни актери во обликувањето на колективната меморија, засилувањето на маргинализираните гласови и поддршката на демократскиот дијалог.

Позициониот труд ќе биде презентиран од неговите автори, проф. д-р Динко Грухоњиќ и Гетоарб Мулиќи. По презентацијата ќе следи панел дискусија на која ќе се приклучат Марина Тунева, професорка и експерт за медиуми и комуникации, и Нора Калиќи, новинарка и претседателка на Советот за етика во медиумите на Северна Македонија.

Со задоволство ги очекуваме сите новинари, истражувачи, претставници на граѓански организации, студенти и сите оние кои се заинтересирани за улогата на медиумите во соочувањето со минатото и градењето подемократски и поинклузивни општества.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-06-09 to
2026-06-09
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends