
ФИКЦИИ | Самостојна изложба на Игор Тошевски
22 септември (вторник) | 20 часот | изложбата ќе биде отворена до 29 септември
Од 1990тите, во своите инсталации и „акции“ Тошевски често ги истражува релациите меѓу уметноста и општествено политичките проблематики, потпирајќи се врз експерименталните искуства во времето на групата Зеро и постконцептуалните практики во поранешна Југославија. Во последниве години, преку апропријација и деконтекстуализација, Тошевски го преиспитува концептот на оригиналност и сопственоста над колективната визуелна историја, лоцирајќи го значењето во релацијата меѓу информацијата (текстот) и нејзиниот визуелен носител (сликата). Селектирани самостојни изложби: „Досие“ (1996-1997); „Територии“(2004-2016); „Љубовта неразбирлива…“ (2012); „Помеѓу“(2016) „Бришани простори“ (2017) и др.
ФИКЦИИ ги спојува гласните филмски наслови на платно со тивките редимејд објекти за да претстави судир помеѓу кинематографскиот мит и критичката мисла.
Позајмувајќи ја естетиката на висок контраст, остри сенки и драматичната типографија од филм ноарот од средината на минатиот век, изложбата го преведува постструктуралистичкото истражување и културната теорија во остри визуелни декларации. Заедно, текстот и објектот конструираат тензија помеѓу знакот и реалноста, сенката и супстанцијата, трудот и илузијата.
ФИКЦИИ ги поканува гледачите во соба со неснимени филмови и теоретски трилери каде што публиката е ставена во просторот помеѓу она што е видливо, она што се кажува и она што останува задскриено.
Additional Details
Project Title -
Project -




