Skip to main content

ФИКЦИИ | Самостојна изложба на Игор Тошевски

Registrations have closed.
ФИКЦИИ | Самостојна изложба на Игор Тошевски

ФИКЦИИ | Самостојна изложба на Игор Тошевски

by
224 224 people viewed this event.

22 септември (вторник) | 20 часот | изложбата ќе биде отворена до 29 септември

Од 1990тите, во своите инсталации и „акции“ Тошевски често ги истражува релациите меѓу уметноста и општествено политичките проблематики, потпирајќи се врз експерименталните искуства во времето на групата Зеро и постконцептуалните практики во поранешна Југославија. Во последниве години, преку апропријација и деконтекстуализација, Тошевски го преиспитува концептот на оригиналност и сопственоста над колективната визуелна историја, лоцирајќи го значењето во релацијата меѓу информацијата (текстот) и нејзиниот визуелен носител (сликата).  Селектирани самостојни изложби: „Досие“ (1996-1997); „Територии“(2004-2016); „Љубовта неразбирлива…“ (2012); „Помеѓу“(2016) „Бришани простори“ (2017) и др.

ФИКЦИИ ги спојува гласните филмски наслови на платно со тивките редимејд објекти за да претстави судир помеѓу кинематографскиот мит и критичката мисла.

Позајмувајќи ја естетиката на висок контраст, остри сенки и драматичната типографија од филм ноарот од средината на минатиот век, изложбата го преведува постструктуралистичкото истражување и културната теорија во остри визуелни декларации. Заедно, текстот и објектот конструираат тензија помеѓу знакот и реалноста, сенката и супстанцијата, трудот и илузијата.

ФИКЦИИ ги поканува гледачите во соба со неснимени филмови и теоретски трилери каде што публиката е ставена во просторот помеѓу она што е видливо, она што се кажува и она што останува задскриено.

Additional Details

Project Title -

Project -

Event registration closed.
 

Date And Time

2026-09-22
 

Registration End Date

2026-09-29
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends