Skip to main content

АРХИВ НА ТРАГИ: ОД УМЕТНОСТ ДО УМЕШНОСТ | Самостојна изложба на Аммар Качар

Registrations have closed.
АРХИВ НА ТРАГИ: ОД УМЕТНОСТ ДО УМЕШНОСТ | Самостојна изложба на Аммар Качар

АРХИВ НА ТРАГИ: ОД УМЕТНОСТ ДО УМЕШНОСТ | Самостојна изложба на Аммар Качар

by
211 211 people viewed this event.

19 јуни (петок) I 20:00

„Архив на траги: од уметност до умешност“ е продолжение на истоимената изложба претставена во март 2026 година. Проектот продолжува да го истражува односот помеѓу секојдневниот труд, урбаното движење и просторот на имагинацијата преку текстилни интервенции на реупотребена камионска тенда.

Во центарот на изложбата ќе бидат поставени две тенди кои функционираат како две меѓусебно поврзани состојби. На долната тенда се појавуваат извезени архитектонски форми, траги од движење и фрагменти од градот, произлезени од секојдневното искусување на урбаниот простор. Над нив лебди втора тенда исполнета со облаци, простор на мечтаење, желба и можни иднини.
Поставени една над друга, овие две површини создаваат тензија помеѓу сонот и реалноста, помеѓу желбата за создавање и потребата за преживување. Просторот помеѓу нив станува простор на неизвесност, очекување и постојано движење. Место во кое секојдневниот труд и имагинацијата не се спротивставени, туку постојано се преплетуваат.

Реупотребената камионска тенда, како материјал создаден за транспорт и движење, станува носител на лични и колективни траги. Нејзината првична функција се трансформира во простор за бележење на искуства, сеќавања и урбани ритми, отворајќи прашања за вредноста на трудот, видливоста на секојдневниот живот и можноста уметноста да произлезе од обичните, често незабележливи движења низ градот.

Проектот не завршува со изложбата. По нејзиното затворање, дел од тендата ќе биде трансформиран во функционални објекти, продолжувајќи го својот живот надвор од галерискиот простор. На тој начин материјалот ја задржува сопствената меморија, но добива нова употребна вредност, поврзувајќи ги уметноста и умешноста во еден континуиран процес на трансформација.

„Архив на траги: од уметност до умешност“ претставува обид да се сочуваат трагите што настануваат во просторот помеѓу сонот и реалноста, помеѓу движењето и задржувањето, помеѓу секојдневниот труд и желбата за создавање.

Изложбата трае до 25 јуни (четврток).

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2026-06-19 to
2026-06-25
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends