
Во дијалог: македонски визуелни уметници Разговор на ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија) со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност
Во дијалог: македонски визуелни уметници
Разговор на ОПА (Опсесивно Посесивна Агресија) со Ана Франговска, кураторка и историчарка на уметност
31 октомври (четврток) | 20.00 часот
ОПА (Опсесивно посесивна агресија) е соработка основана во 2001 година, меѓу визуелните уметници Слободанка Стевческа и Денис Сарагиновски. Пристапот на ОПА е context-based, вклучувајќи пародија, креирана реалност, псевдо-документарци, тактички медиуми и стратегии на претерана идентификација и субверзивна афирмација. ОПА има самостојно изложувано во Македонија, Хрватска, Франција, Германија, Естонија, САД, Холандија, итн; има учествувано на повеќе групни изложби и фестивали, меѓу кои, „Трансмедиале“ (Берлин), „Трансеуропа – Европски театарски и перформанс фестивал“ (Хилдесхајм), „Freewaves – Биенале на нови медиуми“ (Лос Анџелес), „Биенале на современи уметности“ (Москва), „Арс Електроника“ (Линц) и има остварено резиденцијални престои во Франција, Германија, Швајцарија, Естонија, Холандија, итн. ОПА е соосновач и активен член на Иницијативата Кооперација (2012-2015) и колективот „Forms of Ownership“ (2018-2021).
Additional Details
Project Title -
Project -




