Skip to main content

„Во потрага по главната улица Америка“ на Наум Пановски, Проекција на документарен филм и разговор

Registrations have closed.

„Во потрага по главната улица Америка“ на Наум Пановски, Проекција на документарен филм и разговор

by
419 419 people viewed this event.

Ве покануваме на проекција на трилогијата „Во потрага по главната улица Америка“ како и на разговорот што потоа ќе следи помеѓу авторот, Наум Пановски, филмскиот критичар Благоја Куновски – Доре, професорката Елизабета Шелева и актерката и професорка Синоличка Трпкова.

„Во потрага по главната улица Америка“ е документарен видео колаж/асамблаж во три дела, изработен од архивски и актуелен видео материјал, во чиј фокус е тоа што се случува денес во Америка. Станува збор за типичен „On the Road филм“, раскажан преку авторовото еднонеделно патување од Њујорк до Санта Моника во Калифорнија. Филмот се обидува да ги опсервира потресните и болни прашања за Америка и нејзините сложени противречности кои сите ги имаме посведочено во последните пет години и кои доведоа до ужасен јуриш на неоконзервативизмот и на она што денес се именува како агресија на белата супериорност врз цивилната и демократска Америка.

——————————-
Наум Пановски е театарски режисер, професор по режија и глума, теорија на театар, критика, драматургија и естетика. Дипломирал режија и магистрирал драматургија на Факултетот за драмски уметности во Белград, Југославија. Посетувал постдипломски студии по режија на Tisch School of Arts – на Универзитетот Њујорк, а докторирал театарска естетика на Универзитетот Тексас во Далас, Тексас. Тој е Фулбрајтов професор и експерт и уметнички директор на театарскиот проект Поезис (Poiesis Theatre Project) во Њујорк.

Повеќе информации за творештвото на Наум Пановски можете да најдете на: www.naum-paovski.net

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-05-05 @ 18:00 to
2023-05-05 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends