
Годишните времиња на душата Изложба на фотографии на двоецот Аница Бебиќ и Мартина Салова Чешновар
Оваа изложба е замислена да биде повеќе од обичен збир на фотографии, односно да биде искуство кое ќе им помогне на луѓето да се поврзат со чувствата на анксиозност, депресија и исцелување на длабок и личен начин. Преку моќно раскажување на приказната и сензорни елементи, посетителите ќе зачекорат во простор кој го отсликува патувањето од тешкотиите кон закрепнувањето. Ќе започне со атмосфера која е тешка, со суви лисја на подот, симболизирајќи болка и темнина, а како ќе се движат понатаму, окружувањето постепено ќе се менува, завршувајќи со латици од цвеќиња кои симболизираат надеж и исцелување. Тивка музика ќе свири за сето време, правејќи го доживувањето уште посилно. Но ова нема да биде само разгледување на уметнички дела, туку и учествување. Секој посетител ќе има прилика да се изрази, пишувајќи порака или совет до помладата верзија на себеси. За возврат, ќе добие капсула со охрабрувачка порака.
Инаку, Аница Бебиќ е дипломирана актерка со завршени специјалистички студии, која зад себе има реализирано голем број претстави низ Македонија. Исто така има режирано и неколку свои претстави. Во 2024 година има направено заедничка изложба со фотографот Тома Димовски – Rib or all Part Matter of Fact. Има организирано и повеќе работилници за деца, а пасија ѝ се воздушни акробации.
Мартина Салова Чешновар е дипломиран биотехнолог кој работи како преведувач на книжевни дела, но повеќе од 10 години се занимава со фотографија – прво неколку години како аматер пејзажен фотограф, а последниве шест години како портретен фотограф. Зад себе има голем број награди и признанија, а во 2023 година се стекнува и со звањето Кандидат мајстор на фотографија од страна на НФУ.
Additional Details
Project Title -
Project -




