Skip to main content

Групна изложба: „Скопска Стрип Акција 2020“

Registrations have closed.

Групна изложба: „Скопска Стрип Акција 2020“

by
567 567 people viewed this event.

Во Културно социјалниот простор Центар – ЈАДРО ќе се одржи Стрип фестивал „Скопска стрип акција“ организирана од Стрип центарот на Македонија. На вечерашниот настан ќе има изложба со наградените дела од објавениот стрип конкурс на ниво на Град Скопје, при што ќе бидат доделени дипломи и награди.

Првото место за најдобар стрип во целина го освоија Александра и Максим Ристески за стрипот „Се додека има принцови спремни да ја бакнат“. Второто место го доби Евгенија Трајковска за стрипот „Живот, смрт, а потоа?!“ додека пак, третото место го делат Јана Илиевска за стрипот „Тајните на езерото“ и Мартина Величковска со стрипот насловен „Во пеколот“.

Награда за најдобар цртеж доби Ана Марија Стефаноска за стрипот „Ангелите не умираат“, а за најдобро сценарио (порака) награда доби Јана Бутеска со стрипот „Прикриената солза“.

Ангела Петрушевска со стрипот „Приказна за животот и смртта“ ја освои наградата алтернативен уметнички израз.

Награда за највозрасен учесник доби Тоде Блажески за стрипот „Политичарче“, а Василиса Радева за стрипот „Пилињата од фламенго“ ја доби наградата за најмлад учесник. Додека пак, награда за најдобар автор до 18 години и припадна на Тамара Мишовска за стрипот „Калинки“.

Марија Ристујчин со стрипот „Кој чука на вратата“ ја освои наградата за дебитантски стрип.

Исто така дипломи за учество ќе добијат Душина Димитровска за стрипот „Пеперутка“ за вон конкуренција, како и Каја Домазетовска, која ја изврши компјутерската изработка на стриповите на Василиса Радева и Марија Ристујчин.

Проектот Стрип фестивал „Скопска стрип акција“ е финансиран од страна на Град Скопје.

Additional Details

Project Title - 11-06-2020

Project -

 

Date And Time

2020-11-06 @ 20:00 to
2020-11-06 @ 22:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends