Skip to main content

„ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ Работилница за уметност со знаковен јазик

Registrations have closed.
„ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“  Работилница за уметност со знаковен јазик

„ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ Работилница за уметност со знаковен јазик

by
163 163 people viewed this event.

Целта на работилницата „ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ е запознавање со основни знаци и фрази од јазикот, кои потоа учесниците ќе ги користат за развивање и презентирање на уметнички дела и изложба. Предавач и консултант во серија сесии за запознавање со знаковниот јазик ќе биде Викторија Волак, а учесниците ќе бидат уметници од различни области. Учесниците на работилницата ќе работат на запознавање и совладување на основните и специфичните фрази од знаковниот јазик, а потоа наученото ќе го искористат во креативен процес.

Уметничките дела во различни дисциплини (слики, скулптури, илустрации, поезија, перформанс, видео) кои ќе произлезат од оваа работилница, ќе бидат презентирани во форма на изложба во КСП Центар-Јадро во месец септември. Работата на уметничките дела и изложбата ќе биде инклузивна, и преку колаборативен и партиципативен процес, заедно со учесниците на работилницата, ќе вклучи глуви и наглуви лица од локалната заедница и Скопје.

Реализацијата на „ЗНАК до ЗНАК – почувствувај го знаковниот јазик“ е дел од годишната програма КСП Центар-Јадро, поддржана од Минстерството за култура на Република Северна Македонија.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-07-18 @ 09:30 to
2024-07-31 @ 16:00
 

Location

-
 

Event Category

Share With Friends