Skip to main content

Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје

Registrations have closed.
Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје

Изложба на идејни решенија за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје

by
185 185 people viewed this event.

Почитувани, Ве покануваме на отворањето на изложбата на која ќе бидат представени идејните решенија за новата управна зграда на Општина Центар – Скопје.

Со изградбата на планираниот нов комплекс, старите бараки ќе се заменат со современ објект кој ќе ги задоволи потребите на општинската администрација, а локалните жители ќе добијат функционален простор. Проектот вклучува изградба на подземен паркинг со околу 300 паркинг места и простор за 100 велосипеди, што ќе го реши проблемот со паркирањето во околината.

На конкурсот, стручната комисија составена од претставници на релевантни институции од струката, образовни институции од областа, како и стручни лица од општинската администрација, избра три најуспешни идејни архитектонски решенија од вкупно 13 пристигнати трудови:

Првата награда е доделена за идејното решение под шифрата „НАМАТ“ на: Нина Карангелеска-Тодоровска, Сара Ничота, Милена Шундовска Четелева и Кристијан Ристовски.

Втората награда ја доби проектот под шифра „ЧКЛАБ“ на ПЛАТФОРМА ДОО Скопје, со авторите: Емил Јегени, Елена Икономов, Веле Богоевски, Јасна Милојковиќ Муратовска, Ана Галевска Момировска, Јосиф Николовски, Ѓоре Миров и Матеа Јегени.

Треторангирано е архитектонското решение под шифра „СЦЕНА“ на:  Митко Хаџи-Пуља, Никола Стрезовски, Христина Саљамовска-Трајкова и Теодора Илиевска.

 „Избраните три решенија поставуваат темел за изградба на современа и функционална зграда која ќе ги задоволи потребите на граѓаните и администрацијата“, истакнува градоначалникот Општина Центар, Горан Герасимовски.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2025-03-04 to
2025-03-11
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends