Skip to main content

„Маски и екрани“ (Masks and screens) самостојна изложба на Наташа Неделкова

Registrations have closed.

„Маски и екрани“ (Masks and screens) самостојна изложба на Наташа Неделкова

by
580 580 people viewed this event.
На 17ти септември 2022 (сабота), во Културниот и социјален центар Јадро, со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Маски и екрани“ (Masks and screens) на уметницата Наташа Неделкова.


Изложбата „Маски и екрани“ е мултимедијална инсталација составена од слики во движење, звук, текст и скулптура која ja истражува врската помеѓу циркулацијата на дигиталната слика, семиокапитализмот и нивното влијание врз процесите на субјективизација.
Изложбата ги истражува поврзаностите на еколошкото и медиумското загадување преку шпекулативни и иконолошки релации помеѓу индустријата за лажни вести во градот Велес, словенското божество Велес (Волос) и нападот на Капитолот во Вашингтон во јануари минатата година. Стотици портали за лажни вести создадени во Велес влијаеја во голема мера на изборите во САД во 2016-та година, и придонесоа кон создавањето на радикализирани групи како Qanon. Нејзиниот претставник, самопрогласениот шаман Џејсон, изгледа исто како и богот Велес, барем според пребарувачките алгоритми за слики на Гугл. Богот Велес пак, е бог на подземјето и на материјалните добра. Светската здравствена организација го прогласи Велес за најзагаден град на светот, а во 2016 година, Велес беше прогласен за светска престолнина на лажните вести. Токсичната средина, предизвкана можеби од еколошката (индустриска) катастрофа што го претставува градот Велес, е проширена преку нејзиното излевање во центарот на една од најсилните демократии, – САД.

Оваа виртуелна реалност овозможува нови поврзаности; загадувањето во Велес предизвикува процеси на токсични параноидни субјективации од другата страна на Атлантскиот океан. Масовна циркулација на информации, на ставови, стравови и портрети во дигиталната ера, создава голема и нестабилна архива каде се менуваат сите хоризонти ; новата средина е меѓу другото, и огромна машина за создавање на колективни халуцинации, лажни вести и пропаганда.
Инсталцијата е составена од: документарни видеа од топилницата, архива на фрагменти од три македонски филмови кои го доловуваат темниот и загушувачки амбиент на градот и топилницата, како и скулптурална инсталација од 13 душеци и две метални скали поставени на две спротивни страни кои би биле стабилни само ако две тела се искачуваат по скалите истовремено. Истражувајќи ја сликата за себе како проекциска површина на другоста, инсталацијата се стреми кон градење на транформативно искуство и создавање простор на взаменост, соживот и солидарност.


Наташа Неделкова (1993, МК) е визуелен уметник и истражувач. Нејзиното истражување и уметничка пракса се интересираат за тоа како современата визуелна култура ја обликува сликата за себе.
Уметничката пракса на Наташа Неделкова често е колаборативна и аудио-визуелна, достапна на интернет и е често репетитивна и мелодична, користејќи звук и глас за да го доведе во прашање репозиционирањето на фигурите и дискурсот во аудио-визуелни контексти.
Нејзината прва самостојна изложба „Изведувајќи го безличното/Манифестирање на спекулумот“ беше отворена во мај 2022 година во Музејот на современа уметност во Скопје, и има учествувано на повеќе групни изложби меѓу кои : “BANG BANG – Translocal hi:stories of performance art”во Музејот Тингели во Базел, Европското номадско биенале Манифеста 14 во Приштина, на 13то Биенале на млади уметници во Скопје “Страст за лутање“, на фестивалот за Квир уметност во Солун “What is Identity?“, “Resistance“ во Зета Центарот за Современа уметност во Тирана,“COMPERSION“ во Париз, “ The Hub of the ephemeral — hidden in sight“ во галеријата GMK во Загреб и многу други.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2022-09-17 @ 20:00 to
2022-10-24 @ 14:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends