Skip to main content

„Облици на идентитет“ – Изложба на Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

Registrations have closed.
„Облици на идентитет“ – Изложба на Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

„Облици на идентитет“ – Изложба на Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

by
225 225 people viewed this event.

„Облици на идентитет“ 
Изложба на Сузана Арсова и Емилија Дамјановиќ

5 ноември (вторник) | 20.00 часот

На изложбата ќе се изложуваат рачно изработени колажи кои се еден вид ретроспектива на темата на жената, модата и внатрешниот емоционален свет. Она што е видливо, она што облеката го отсликува и она што е скриено како емоција и е интимен „автопортрет” на авторот преку доживувањата со кои ги надградува своите уметничко дела. Облиците на идентитет се менуваат. Алиса во земјата на чудата, Алиса во земјата на модата, Алиса во Апсурдистан…

Сузана Арсова, родена во Скопје, дипломирала математика и развила уникатен сликарски стил преку комбинирана техника на колаж, инспирирана од геометриски форми и традиционални мотиви. Нејзината прва самостојна изложба се одржа во 2023 година, а активно учествува на групни изложби во Македонија и во странство, вклучувајќи и изложба во Виена.

Емилија Дамјановиќ, родена во Скопје, е музички педагог и моден дизајнер, позната по своите колажни уметнички проекти и современи дизајни на накит под брендот Еми Норис. Нејзините дела се изложувани на бројни интернационални фестивали и изложби, вклучувајќи и Неделата на дизајн во Пекинг.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-11-05 to
2024-11-10
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends