Skip to main content

Онлајн дискусија #5: Видео и експериментална уметност со Вероника Камчевска

Registrations have closed.

Онлајн дискусија #5: Видео и експериментална уметност со Вероника Камчевска

by
578 578 people viewed this event.
КСП Центар-Јадро продолжува со својата онлајн програма со дискусија за видео уметноста, експерименталениот документарен филм и специфичниoт визуелен јазик што овие медиуми го продуцираат. За време на дискусијата ќе може да проследиме дела од нашата дискутантка.
Дискусијата ќе се одржи на 14 септември 2020 (понеделник) со почеток од 19 часот на Facebook профилот на КСП Центар-Јадро. После дискусијата, публиката ќе може да учествува со свои коментари и прашања.
Жанрот познат како видео-уметност, е нов вид на современа уметност кој се изразува со разни комбинации на подвижни слики и музика кои го редефинираат нашето чувство за време и простор. Овој жанр стана популарен во 60-тите и 70-тите години на минатиот век со широко распространетата достапност на ефтини видео-ленти и леснотијата на нејзиното прикажување преку мониторите на комерцијалните телевизии. Видео-уметноста стана главен медиум за уметниците кои сакаа да го искористат скоро универзалното присуство на телевизија во современото западно општество. Методот на видео уметноста стана привлечен и популарен на цел спектар на уметници – експериментални филмаџии, фотографи, перформативни артисти итн.
Био за дискутантката:
Вероника Камчевска е видео автор и истражувач на мултимедијални форми и нивни влијанија врз создадени реалитети како последица на симулирани вредности на време и простор. До сега има работено на уметнички и инсталациски видео композиции, како и на експериментален документарен филм. Нејзинaта интервенција врз подвижните слики го симболизира фиктивниот простор и промената настаната по пат на субјективно авторско делување, кое во себе ја содржи одговорноста за значењето на примарната слика и генезата како фиксна и непроменлива. Со користење на дигитални алатки, Камчевска создава трансформации на виртуелно осмислени видео концепти и модели.
Учество на фестивали:
Уметничко видео C/11
ALC Video Art Festival, 2020, Музеј на современа уметност MaCA Аликанте, Шпанија
Галерија МС, Њујорк, 2019
Експериментален краток доку филм „Медула“
ИФФК „Браќа Манаки“, 2019, Северна Македонија
Тузла Филм Фестивал, 2019, БиХ
Филмски фестивал „Мобил Фестивал“, 2019, Северна Македонија
Уметничко видео Nil во соработка со уметничка група „SEE“
Bideodormo – International Experimental Film and Video Festival, 2019, Билбао, Шпанија
NH/LON , 2019, Струга
Неформален изложбен простор Скривница,2017, Скопје
Национална галерија на Македонија, Чифте амам, 2017, Скопје
Краток документарен филм „Ø“
NH/LON,2019, Струга
Video Art IST, 2017, Турција
Дискусијата е дел од годишната програма на КСП Центар Јадро која е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Additional Details

Project Title -

Project -

Event registration closed.
 

Date And Time

2020-09-14 @ 19:00 to
2020-09-14 @ 20:30
 

Registration End Date

2020-06-18
 

Location

Online event
 

Event Types

Share With Friends