Skip to main content

Пред будење Самостојна изложба на Јулија Манојлоска

Registrations have closed.
Пред будење Самостојна изложба на Јулија Манојлоска

Пред будење Самостојна изложба на Јулија Манојлоска

by
198 198 people viewed this event.
Пред будење
Самостојна изложба
на Јулија Манојлоска
10 септември (вторник) | 20.00 часот

Секој сегмент на делото „Пред будење“ претставува засебен елемент и дело само по себе. Сите форми кои лебдат се различни идентитети. Ако секаде наоколу постојат различни идентитети, и иако ние самите понекогаш сме дел од нив, лебдењето на истите го ставаат уметникот во улога на лутање по есенција. Секоја црна пластична топка е геополитичка, социјална и културна криза која лебди во целосен комфор. Ако идентитетот како синоним значи еднаквост, тогаш кругот е кршлив. И така една црна линија која нацрта една овца еднаш кажа „Пролет е, преживеавме“.

Јулија Манојлоска (р. 1993) во 2015 година дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, во Скопје, во класата на м-р Јован Шумковски. По завршување на студиите активно се занимава со сликарство и инсталации во областа на современата ликовна уметност. Дел од нејзините самостојни изложби се „Пресоздавање“, МКЦ (2021, Скопје) и „Секвенци“, галерија КО-РА (2019, Скопје). Досега учествувала на повеќе групни изложби и проекти од областа на визуелните уметности, меѓу кои: 14-то меѓународно Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност Скопје (2023), 13-то Меѓународно Биенале на млади уметници, Музеј на современата уметност Скопје (2021), 99 File, Музеј на современата уметност Скопје (2018), Скопје Креатива, МКЦ (2017) и Young Art, Мала станица Скопје (2016).

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-09-10 @ 20:00 to
2024-09-20 @ 20:00
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends