Skip to main content

Презентација на ПРОЕКТОТ: „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо

Registrations have closed.

Презентација на ПРОЕКТОТ: „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо

by
309 309 people viewed this event.
Драги наши, во рамките на новиот проект Arts Hub кој ќе го реализираме во приодот 2023/24 година, продолжуваме со серијата презентации и разговори со уметници од локалната уметничка сцена.
Преку оваа серијата од 6 презентаци и разговори, домашните уметници и автори кои во контекст на програмата КСП Центар Јадро во изминативе 2 години беа поддржани да реализираат свои проекти на партиципативна/социјално ангажирана уметност (Кристина Божурска, Културно Ехо, Елена Чемерска, Ивана Мирчевска, Симона Манчева, Лидија Пајевиќ и Крунислав Стојановски) ќе можат на своите колеги, пред се помлади и помалку искусни, но и на заинтересираните граѓани од локалната заедница, да им ги претстават своите веќереализирани проекти и да ги споделат искуствата и лекциите научени од праксата во специфичниот локален контекст. Проследени со прашања и одговори од публиката, овие презентации и разговори, меѓу другото, ќе ги пренесат искуствата и ќе помогнат во освестување на битните аспекти поврзани со подготовката и реализацијата на проекти и акции базирани на социјално ангажираната уметност.

Серијата на презентации ја продолжуваме со презентацијата на проектот „ Создаваме град, градиме иднина!“ на Културно Ехо
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ имаше за цел да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер, чија основна цел беше да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот.
Тема на проектот беше новиот генералeн урбанистички план за Скопје (ГУП за период од 2023 до 2032 година) кој е најважниот документ за планирањето на иднината на градот. Во рамки на проектот беа реализирани 3 настани во 3 општини во Скопје.
Содржина на настаните:
1. Проекција на интерактивен документарен филм кој ги обработува повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година) што веќе се предмет на дебата во јавниот дискурс.
Тимот кој го изработи документарниот филм и перформансот:
Режија: Андреј Георгиев и Драгана Гунин
Актер: Симона Димковска
Кинематограф: Кристијан Караџовски
Монтажа: Дејан Смилевски и Андреј Ристески
Наратор: Мартин Манев
Гласови: Наталија Теодосиева, Илија Волчески, Јанка Лефкова и Благојчо Стојанов

2. Работилница на тема: Што претставува ГУП и зашто е важен?
Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот.
3. Дебата на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“
Проектот „Создаваме град, градиме иднина!“ го реализира Меѓународно здружение на граѓани Културно Ехо-Скопје во соработка со здружението Ситископ – Скопје во рамки на проектот „Места на дарежливост – трансформативни станици“ на КСП Центар Јадро.

Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани да го искусат креативниот процес ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини. Arts Hub ќе обезбеди достапен простор за собирање и континуирана работа. На овој начин учесниците ќе имаат прилика да ги споделат и надградат своите заеднички интереси, како што се визуелнитe уметности, музиката и изведувачките уметности итн.
Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.
Следствено, проектот ќе ги задоволи потребите за комуникација на проблемите со публиките и јавноста преку уметничките проекти во насока на подигнувањето на свеста за проблемите; мобилизација на уметничката сцена која во соработка со активното граѓанството ќе создаде партнерства и воспостави отворени врски со групите засегнати од проблематиките што проектите ги таргетираат; охрабрување на разни целни групи во иднина сами да се борат за каузите во кои веруваат и делуваат, како и да се поттикнат и да започнат да размислуваат како самоиницијативно можат да го подобрат квалитетот на животот во нивните заедници.
Овој проект ќе се стреми кон напуштање на класичните формати на продукција и презентација на уметнички проекти што подразбира активна работа со креативци од повеќе уметнички дисциплини, партиципативност, активно учество на граѓаните и публиката.
Arts Hub се реализира со финансиска поддршка на @FOSMacedonia

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-02-07 @ 20:00 to
2023-02-07 @ 21:30
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends