Skip to main content

„Приказни од Стровија“ – Завршна изложба на Мултикултурниот фестивал во село

Registrations have closed.
„Приказни од Стровија“ – Завршна изложба на Мултикултурниот фестивал во село

„Приказни од Стровија“ – Завршна изложба на Мултикултурниот фестивал во село

by
293 293 people viewed this event.

„Приказни од Стровија“ – Завршна изложба на Мултикултурниот фестивал во село

22 Ноември | 20.00 часот

Ве покануваме на завршната изложба од второто издание на Мултикултурниот фестивал во село Стровија, настан кој во септември 2024 обедини над 100 млади уметници во заедничка креативна продукција. Изложбата претставува кураторски дијалог помеѓу три различни уметнички изрази: колаж-скулптура од епоксидна смола создадена од лични предмети на учесниците, серија концептуални фотографии направени од Андреј Богатиноски и инспирирани од театарскиот перформанс „Случајот јаболко“ во режија на Борис Василески, продукција на театарската трупа “Штрих“, и публикација која го содржи драмскиот текст на перформансот, напишан од Марио Стојаноски и надополнет со фотографии.

По изложбениот дел, следува отворена дискусија за децентрализацијата на културата во Македонија, надоврзувајќи се на искуствата од фестивалот како успешен пример за културна продукција надвор од главниот град.

Оваа изложба не е само документација на еден културен настан, туку и активен повик за преиспитување на можностите за поширока културна продукција во рурални средини.

Настанот е финанскиски поддржан од “Youth’s Cultural Fund” програмата на RYCO.

 

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-11-20 to
2024-11-20
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends