
Прогласување на победници од конкурсот за стрип автор(к)и – „Кое е твоето чудо?!”
|
Прогласување на победници од конкурсот за стрип автор(к)и – „Кое е твоето чудо?!” Мрежа Стела и НМСМ 18 октомври (четврток) | 19.00 часот Под синтагмата „Кон родовата еднаквост преку уметност“, Мрежа Стела и НМСМ ги повика стрип автор(к)ите и илустратор(к)ите да учествуваат на наградниот конкурс за стрип „Кое е твоето чудо?!”. Идејата на оваа иницијатива е да се покаже силата на визуелната приказна која може да поттикне позитивни општествени промени. Прогласувањето на победниците на конкурсот ќе се одржи во КСП Центар Јадро, на 18, четврток, со почеток од 19 часот. Конкурсот е дел од проектот „Еднакви можности за девојчиња и млади жени во Северна Македонија“ спроведен од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) и Мрежата Стела, со финансиска поддршка од Британската амбасада во Скопје, носи свежа енергија во борбата за родова еднаквост. Со цел да ги отстрани пречките и стереотипите, овој проект ги отвора вратите за девојчињата и младите жени кон нови предизвици и успеси. |
Additional Details
Project Title -
Project -




