
Проект „Споделени хоризонти“ – Млади истражувачи / Истражувачка група за Западен Балкан
Францускиот институт организира работилница во Скопје од 20 до 21 јуни, со група од 16 истражувачи на почетокот на кариерата од Западен Балкан и Франција. Овој настан е дел од серија работилници што ги организираат во рамките на регионалниот проект наречен „Споделени хоризонти“ и чија цел е зајакнување на мрежите и соработката меѓу младите и граѓанското општество во Западен Балкан. За време на овие работилници, тие ќе размислуваат за можностите што ги нуди колективното истражување и пишување за општествените науки, како и за новите методи на дисеминација и медијација. Методологијата што ја користат се базира на хоризонталност, заедничко градење и еволутивна методолошка рамка, која ја прилагодуваат според дискусиите и целите на групата.
Additional Details
Project Title -
Project -




