Skip to main content

Промоција на книга “Во дијалог: Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар – Јадро”

Registrations have closed.

Промоција на книга “Во дијалог: Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар – Јадро”

by
581 581 people viewed this event.

На 25ти март ќе се реализира промоција на ”Во дијалог: Визуелна и применета ликовна програма на КСП Центар – Јадро” – компилација на разговори со современите македонски визуелни уметници во повеќе дисциплини:

“Со цел да се поттикне понепосредна и пофокусирана комуникација трите серии разговори беа водени во живо, во просторот на КСП Центар-Јадро, како и во дворот на кафе-книжарницата „Буква“, на тремот на Музејот на современата уметност – Скопје и кафе-барот, „Шортбас“ а четири разговори се одржаа во живо на онлајн платформата ZOOM и беа пренесувани во живо на фејсбук страната на КСП Центар-Јадро”- пишува во објавата на социјалните мрежи.

Во обид (успешно егзекутиран) да се земе наративот во свои раце и да се испише (или изговори) овој момент во домашната уметност знаејќи колку е вредна таа свест, свеста дека стојат на рамената на своите претходници, ја предаваат оваа оставштина на генерациите кои доаѓаат.

 

“Поттикнати од фактот дека на нашата сцена сме постојано соочени со недостаток на континуитет на структурираната анализа и историографија на работата на нашите визуелни уметници и дизајнери, во 2020 година ја започнавме серијата на разговори и презентации Македонски визуелни уметници, Македонски дизајнери и Видео уметници од Македонија и регионот. Она што ни беше особено битно е да ги поттикнеме авторите да проговорат за своите дела, креативниот и технички процес како и за состојбите во кој тие создаваат.

Многу наши визуелни уметници имаат многу богата продукција и под тешки услови успеваат да ги изложат своите дела на релевантни изложби дома, во Европа и светот. За жал, поради честото системското занемарување на институциите и медиумите, нивните дела и успеси не се доволно презентирани пред пошироката јавност.

Македонските видео уметници беа активни во овој медиум уште од почетокот на деведесеттите. Со создавање на врската со видео уметниците од регионот сакаме да придонесеме за промоција на нашите уметници на меѓународната сцена. Исто така, сакаме да го поставиме прашањето за позицијата на видео уметноста денес, како и нејзините бројни трансформации, експерименти и испреплетувањето со други уметнички форми.

Македонскиот дизајн во изминатите години постигна сериозни успеси. Нашите дизајнери успеваат да ја потврдат својата работа дома и во странство. Нивните дизајни се наградени на многу фестивали и конкурси и се претставени во релевантни светски списанија и веб-платформи. Типографија, дизајн на книги, логоа, постери, кампањи, дизајн и развој на видео игри се областите во кои тие успеваат да ги преточат своите креативни идеи.”

Additional Details

Project Title - Места на дарежливост - трансформативни станици

Project - Места на дарежливост - трансформативни станици