
Промоција на книга на Дидрих Дидрихсен „Естетика на поп-музиката“ во разговор со Петар Милат
Со огромна радост го најавуваме еден од најзначајните теоретичари на супкултурата Дидрих Дидрихсен, чија книга :: Естетика на поп-музиката :: ја преведовме во нашата едиција за современа теорија :: Пунктум ::
Преведувачка на книгата е Марија Јонес.
Естетика на поп-музиката од Дидрих Дидрихсен е клучно дело што критички ја преобмислува врската меѓу поп-музиката и естетското искуство. Номинирана за наградата на Саемот на книга во Лајпциг, книгата се надоврзува на со децении актуелната културна теорија, музичка критика и филозофска рефлексија за да истражи како поп-музиката дејствува не само како забава, туку и како моќна естетска и општествена сила.
Дидрихсен ја третира поп-музиката не само како културен производ, туку како форма на знаење, желба и меморија – испреплетена со капитализмот, идентитетот и секојдневниот живот. Преку својот препознатлив спој на теориска длабочина и внимателна посветеност кон звучните детали, тој покажува како низ поп-музиката се артикулираат емоциите и општествените структури на начини кои традиционалната естетика често ги занемарува.
Според Дидрихсен, важноста на поп-музиката лежи во храбриот обид да се постави како легитимен и комплексен објект на естетско истражување. Таа ги повикува читателите да слушаат поинаку – да препознаат во ритамот на поп музиката една подлабока логика на форма, значење и афект.
Промотор на книгата е Петар Милат, кој ќе го води и разговорот со Дидрих Дидрихсен.
Дидрих Дидрихсен е германски автор на повеќе книги, музички новинар и културен критичар. Тој е автор кој дејствува на крстосницата меѓу уметноста, политиката и поп- културата. Роден и израснат во Хамбург, Дидерихзен работел како музички новинар и уредник на германското списание Sounds за време на златниот период на панкот и њу-вејв музиката, од 1979 до 1983 година. До деведесеттите години бил главен и одговорен уредник на влијателното супкултурно списание Spex во Келн.
Дидерихсен работел како гостин-професор на повеќе универзитети, се до 2006 кога година станува професор по теорија, практика и комуникација на современата уметност на Академијата за ликовни уметности во Виена.
Additional Details
Project Title -
Project -




