Skip to main content

Arts Hub-ОТВОРЕНА СРЕДБА СО ЗАЕДНИЦАТА | 03

Registrations have closed.

Arts Hub-ОТВОРЕНА СРЕДБА СО ЗАЕДНИЦАТА | 03

by
396 396 people viewed this event.

Во склоп на долгорочниот проект Arts Hub, Ве покануваме на 9.05.2023 (вторник) во 19:00 часот да ни се придружите на третата отворена месечна средба за вклучување на уметничката и локалната заедницата.

Ќе ја продолжиме динамичната  дискусија со уметниците и граѓаните за тоа како тие може да се здружат во заеднички иницијативи и да дејствуваат во лоцирање и артикулирање на локалните проблеми преку креирање на уметнички акции.
Овие средби ги гледаме како еден вид на мост на поврзување помеѓу заедницата и уметниците каде што тие ќе создаваат заеднички приказни кои ќе отсликуваат одредена состојба или проблем.

Овие средби се отворени за сите оние што имаат желба да се вклучат активно во овој процес.

Преку оваа активност се надеваме дека ќе обезбедиме учество на заедницата и пошироката публика во сите фази на проектот Arts Hub кој што го развиваме со поддршка на Фондација  Отворено општество – Македонија.
_________________________________________

Проектот Arts Hub е место за спојување, креативно истражување и изразување, каде што уметниците и сите оние што се заинтересирани ќе можат да ги развијат и надградат своите интереси, знаења и вештини.
Главна цел на проектот е да се мотивираат уметниците кои што работат во различни уметнички дисциплини да ги зголемат своите знаења и вештини во областа на социјално ангажираната уметност, специфичните форми на театар, аудио продукцијата и аудио подкаст, фотографија и видео и како и тоа да се поттикнат, користејќи го стекнатото искуство низ едукативниот процес да создадат свои партиципативни проекти преку кои ќе имаат импакт во заедницата и ќе делуваат во подигање на свеста за разни социјални и политички теми и проблеми.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2023-05-09 @ 19:00 to
2023-05-09 @ 21:00
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends