Skip to main content

Куп Скопје 2024 | Изложба на макети, диорами и минијатури

Registrations have closed.
Куп Скопје 2024 | Изложба на макети, диорами и минијатури

Куп Скопје 2024 | Изложба на макети, диорами и минијатури

by
1154 1154 people viewed this event.

Ве покануваме на 7та изложба на макети, диорами и минијатури и 4от „Куп Скопје“  во организација на  клубот  „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ кои имаат  цел да го промовираат и популаризираат макетарското хоби во Македонија.

Клубот  „Мајор Михајло Ивановски – Микс“  е основан од група ентузијасти кои првата самостојна изложба ја одржале во 2014 година во Скопје, а една година подоцна го основаат и клубот. Оваа година е 10 годишнина од оддржување на првата изложба. Клубот за промоција и афирмација на макетарското хоби „Мајор Михајло Ивановски – Микс“ го носи името на еден од основачите и доајени на макетарството во Македонија кој беше воен пилот и ненадејно почина 3 месеци по основање на клубот. Клубот секоја година учествува на голем број меѓународни натпревари во регионот и пошироко.

Публиката ќе може да погледне  макети изработени од домашни и странски изложувачи и да проследи меѓународен натпревар по пластично макетарство на кој ќе учествиваат макетари  од Србија, Грција и Турција. Посетителите ќе имаат можност да видат макети изработени од меѓународно признати и наградувани автори, макети во разни категории и типови на воздухоплови, воена техника, научна фантастика, историски диорами, минијатури и сл.

Тродневниот настан ќе се одржи во следниве термини:

  • Петок (1 март) од 20ч. – отворање на изложбата
  • Сабота (2 март) од 10 до 20ч.- изложба
  • Недела (3 март) од 09 до 16ч. – натпревар на кој ќе бидат наградени макети во 20+ категории и затворање на изложбата.

Специјална награда „Мајор Михајло Ивановски – Микс“- „Best of Luftwaffe“ – се доделува на најдобрата макета од било кој размер со ознаки на германското Luftwaffe од Втората Светска Војна ( во чест и сеќавање на Мајорот Михајло Ивановски -Микс)
“Best of show” награда – се доделува на најдобрата макета на натпреварот.

Additional Details

Project Title -

Project -

 

Date And Time

2024-03-01 @ 20:00 to
2024-03-03 @ 16:00
 

Location

-
 

Event Types

 

Event Category

Share With Friends